| четврток, 6 декември 2018 |

Изрешетан познат доктор, купил стан, па настрадал

policija-1332510940-138674

Лекарот Сафет Скендер (45) е убиен синоќа во Нови Пазар во повеќе истрели од огнено оружје. Според полициски извори, тој е убиен на влезот од станбената зграда во Митровичката улица, а осомничениот е веднаш уапсен.

Станарите на зградата наведуваат дека слушнале неколку истрели и дека убиениот го препознале, тоа бил лекар специјалист од новопазарската болница. Тој на хируршкото одделение е донесен без знаци на живот.

Неофицијални извори наведуваат дека на С.С. пукал „постар човек од околу 80 години“ од кога С.С. го купил станот, а кобната вечер дошол да се распраша кога претходниот газда ќе се исели од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top