| четврток, 6 декември 2018 |

Аргументи и насилство

Де­се­ти­ци ал­бан­ски ин­те­ле­кту­ал­ци од си­те ви­до­ви де­но­ви­ве за­ста­наа зад на­сил­ни­те про­те­сти во ко­и­што беа по­вре­де­ни два­е­се­ти­на де­мон­стран­ти и по­ли­цај­ци, но, пред сѐ, ѝ бе­ше на­не­се­на ште­та на зем­ја­та ка­ко ста­бил­на и ка­ко ме­сто ка­де што мо­же да се ин­ве­сти­ра. При­тоа ни­ту еден од си­те тие јав­ни лич­но­сти, но­ви­на­ри, пе­ја­чи, про­фе­со­ри, по­ли­ти­ча­ри и дру­ги, не на­пра­ви ана­ли­за зо­што дој­де до на­силс­тво на ули­ци­те, ту­ку апри­о­ри, без во­оп­што спо­ме­ну­ва­ње на зад­ни­на­та и кој во­оп­што поч­на со на­силс­тво, ги об­ви­ни­ја Ма­ке­дон­ци­те де­ка вр­шат те­рор врз Ал­бан­ци­те

Kolumna97-1

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Ни­ту збор за уби­е­ни­те не­ви­ни пет­ми­на во ве­лиг­ден­ски­от ма­сакр ни­ту збор за кр­ше­ње­то на суд­ска­та згра­да и за фи­зич­ки­те на­па­ди врз по­ли­цај­ци­те, кои мир­но сто­е­ја до­де­ка гру­па на­сил­ни­ци во ме­се­цот на Ра­ма­зан ги кло­цаа и уди­раа, а по­доц­на ги га­ѓаа и со ка­ме­ња од кои мо­же да се за­гу­би и жи­вот. Ако се ра­бо­ти са­мо за по­вод во кој е иска­жа­на фру­стра­ци­ја со­би­ра­на со го­ди­ни и не­за­до­волс­тво од трет­ма­нот на Ал­бан­ци­те по 2001 го­ди­на, тре­ба да се ка­же искре­но, без да се ма­ни­пу­ли­ра, но ако се збо­ру­ва кон­крет­но за на­ста­нот, мо­ра да се збо­ру­ва кон­крет­но и ар­гу­мен­ти­ра­но, во спро­тив­но се­ко­ја ид­на де­ба­та ќе би­де за­луд­на.

 

Ни­кој не ја спо­ри пре­су­да­та

Ако ја зе­ме­ме Аме­ри­ка ка­ко зем­ја ко­ја ка­ко иде­ал ја гле­да­ат и Ал­бан­ци­те и Ма­ке­дон­ци­те, на на­силс­тво­то ќе му прет­хо­де­ше се­ри­оз­на јав­на рас­пра­ва ка­ко таа ко­га поз­на­ти­от актер О Џеј Симп­сон си ја уби со­пру­га­та, но на кра­јот не бе­ше осу­ден са­мо за да не се ири­ти­ра афро­а­ме­ри­кан­ска­та за­ед­ни­ца во САД. Де­ба­та­та ќе со­др­же­ше се­ри­оз­ни ар­гу­мен­ти кои ќе беа про­тив по­зи­ци­и­те на об­ви­ни­телс­тво­то. Во неа поз­на­ти ад­во­ка­ти-кри­ви­ча­ри ќе ди­ску­ти­раа за али­би­то на осу­де­ни­те, по­ра­неш­ни су­дии мо­жеа да твр­дат де­ка об­ви­ни­тел­ка­та Ге­шков­ска згре­ши­ла во про­це­ду­ра­та. Актив­ни или по­ра­неш­ни чле­но­ви на суд­ски­те ин­сти­ту­ции од ал­бан­ски­от блок ќе ја на­ве­ду­ваа јав­но­ста де­ка до­ка­зи­те зе­ме­ни пре­ку ДНК не би­ле ва­лид­ни. Прет­став­ни­ци на нев­ла­ди­ни­от се­ктор ќе ци­ти­раа слич­ни про­це­си од све­тот, екс­пер­ти за чо­ве­ко­ви пра­ва и ад­во­ка­ти­те на сто­ри­те­ли­те на ве­лиг­ден­ски­от ма­сакр ќе твр­деа де­ка су­дот на­пра­вил кон­крет­ни ма­те­ри­јал­ни гре­шки во про­це­сот. Ме­ди­у­ми­те на ал­бан­ски ја­зик или ме­ди­у­ми бли­ски на нив мо­жеа да ја нај­дат пре­су­да­та или об­ви­ни­тел­ни­от акт и да нај­дат спор­ни мо­мен­ти во пре­су­да­та, а не­кој трет мо­же­ше да ка­же де­ка ау­ди­о­ма­те­ри­ја­ли­те во кои се збо­ру­ва за убис­тво­то кај Смил­ков­ско Езе­ро се фал­си­фи­ку­ва­ни.

Но, за жал, не се слу­чи ни­што од тоа. Ни­кој, осо­бе­но не во ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми, не збо­ру­ва­ше за ма­те­ри­јал­ни по­вре­ди на про­це­сот или за не­до­стиг од до­ка­зи. Не чув­ме ни­што по­ве­ќе од ста­ра­та при­каз­на де­ка „не­ви­ни Ал­бан­ци се осу­де­ни од сла­во­ма­ке­дон­ски­от ре­жим, кој не­ма дру­га ра­бо­та и са­мо бр­ка Ал­бан­ци за да ги за­тво­ри до­жи­вот­но“.
На­про­тив, со на­силс­тво­то на ули­ци­те во Скоп­је и во Те­то­во тие што де­мон­стри­раа са­мо им по­твр­ди­ја на об­ви­ни­телс­тво­то и на су­ди­ја­та де­ка се во пра­во. Впро­чем, нај­до­бар со­јуз­ник им се ток­му двај­ца­та об­ви­не­ти што Ко­со­во не са­ка да ги ек­стра­ди­ра, а кои од­на­пред го прог­ла­си­ја су­дот за не­пра­ве­ден. За ка­ков вид де­мон­стран­ти и за ка­ков вид прав­да се ра­бо­ти по­до­бро се ви­де на ед­но од ви­де­а­та што беа об­ја­ве­ни на пор­та­ли­те, ка­де што се за­бе­ле­жу­ва ка­ко тол­па­та, ве­ро­јат­но пре­поз­на­вај­ќи не­кој што не е со исти­те убе­ду­ва­ња, вер­ска или ет­нич­ка при­пад­ност, поч­ну­ва да го уди­ра со ту­па­ни­ци и со кло­ци. Се раз­би­ра, ни­ту еден ме­ди­ум или нев­ла­ди­на ор­га­ни­за­ци­ја, а уште по­мал­ку по­ли­ти­чар, не про­го­во­ри за тоа на­силс­тво, кое нај­до­бро по­ка­жа ка­ква прав­да мо­же да се оче­ку­ва од тие што де­мон­стри­раа во име на не­прав­да­та.

 

Kolumna97-2

 

Кој мо­же да го нас­ле­ди Али Ах­ме­ти?

Единс­тве­на но­ва ра­бо­та во це­ли­от слу­чај е што се­га, 13 го­ди­ни по Охрид­ски­от до­го­вор, по­крај ма­ке­дон­ски­от дел од вла­да­та, на та­пет се и ал­бан­ски­от парт­нер ДУИ и ли­де­рот Али Ах­ме­ти. Свес­ни де­ка ако про­дол­жат про­те­сти­те, за не­кол­ку не­де­ли од оние ре­корд­ни 153 ил­ја­ди гла­са ДУИ мо­же да оста­не на по­ло­ви­на или по­мал­ку, па Ах­ме­ти вед­наш по­ба­ра вра­ќа­ње на по­стап­ка­та на пр­во­сте­пе­на ин­стан­ца и ме­ѓу­на­ро­ден над­зор на суд­ски­от про­цес. Иа­ко, нај­ве­ро­јат­но, Ах­ме­ти точ­но знае кои се сто­ри­те­ли­те и за­тоа мол­че­ше до­се­га, до­бро е што по­ба­ра стран­ци да ги прег­ле­да­ат си­те на­во­ди и ар­гу­мен­ти на об­ви­ни­телс­тво­то. Проб­ле­мот што се­га го има Ах­ме­ти е тоа што стран­ци­те по­до­бро зна­ат од нас да­ли скоп­ски­от кри­ви­чен суд гре­ши и што ду­ри иа­ко има та­ков над­зор (со што Ма­ке­до­ни­ја ин­ди­рект­но ќе приз­нае де­ка ве­ру­ва во сво­е­то судс­тво), тој на сво­и­те со­на­род­ни­ци мо­ра да им ка­же де­ка не­ма гре­шка во пре­су­да­та и де­ка ќе мо­ра да жи­ве­ат со неа.

Исто ка­ко што Ни­ко­ла Гру­ев­ски пред не­кол­ку го­ди­ни го сто­ри исто­то со ха­шки­те слу­чаи ко­га во име­то на со­жи­во­тот бе­ше про­сте­но не­што што не се про­сту­ва по ни­ед­на де­фи­ни­ци­ја на пра­во­то и на жи­во­тот во­оп­што. Исто ка­ко што Гру­ев­ски со ни­ту еден збор не го спо­ме­на го­сти­вар­ски­от по­ли­ца­ец кој, спо­ред Ма­ке­дон­ци­те, во са­мо­од­бра­на пу­ка­ше и уби двај­ца свои со­гра­ѓа­ни. Исти­от чо­век е осу­ден на до­жи­во­тен за­твор и за не­го не про­те­сти­ра­ше ни­кој, уште по­мал­ку не­кој кр­ше­ше су­до­ви или на­па­ѓа­ше по­ли­цај­ци и оп­штин­ски кан­це­ла­рии.

За­тоа се­га Али Ах­ме­ти, ако на­ви­сти­на ве­ру­ва во оваа др­жа­ва, ќе мо­ра да ка­же јав­но што мис­ли за слу­ча­јот „Мон­струм“, но не во по­ли­тич­ки кон­текст ту­ку во пра­вен, и со тоа не­ма да вр­ши при­ти­сок, до­вол­но е са­мо да го кон­сул­ти­ра ми­ни­сте­рот за прав­да што бе­ше не­гов пред­лог и да ка­же да­ли и се­га Ма­ке­дон­ци­те ги су­дат Ал­бан­ци­те са­мо за­тоа што ги мра­зат, ка­ко што твр­дат мно­гу­ми­на де­но­ви­ве.

Тоа, всуш­ност, е и нај­го­ле­ми­от проб­лем во на­силс­тво­то. По­ли­цај­ци­те и де­мон­стран­ти­те не се во те­шка здрав­стве­на со­стој­ба. Нив­ни­те ра­ни ќе за­ле­чат. Но, ма­ни­пу­ла­ци­ја­та што бе­ше сто­ре­на со про­те­сти­те, ве­ро­јат­но, ни­ко­гаш не­ма да за­пре. Тие што зна­ат ка­ко функ­ци­о­ни­ра­ат со­ци­јал­ни­те мре­жи, зна­ат де­ка по прин­ци­пот на ком­би­ни­ра­ни цен­три­пе­тал­ни и цен­три­фу­гал­ни си­ли на по­ве­ќе ни­воа ла­ги­те по­вр­за­ни со про­те­сти­те за „Мон­струм“ ќе жи­ве­ат со го­ди­ни и ќе кре­и­ра­ат ни­за гру­пи и под­гру­пи на ре­ли­ги­оз­на и на ет­нич­ка ба­за, кои во на­ред­ни­ве го­ди­ни мо­же да би­дат опас­ност и за со­жи­во­тот, но и за функ­ци­о­ни­ра­ње­то на др­жа­ва­та.

Та­ка, на при­мер, об­ја­ва­та на „Тви­тер“, во ко­ја се твр­ди де­ка Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја се мал­тре­ти­ра­ни са­мо за­тоа што се дел од ис­ла­мот и де­ка мус­ли­ма­ни­те во зем­ја­ва, и тоа же­ни и де­ца, се но­сат во спе­ци­јал­ни кам­по­ви, во ид­ни­на ќе би­де при­ка­жа­на ка­ко ап­со­лут­на ви­сти­на, осо­бе­но во ис­лам­ски­те кру­го­ви ка­де што те­шко мо­же да стиг­не ви­стин­ска­та ин­фор­ма­ци­ја за тоа што, на­ви­сти­на, се слу­чу­ва во Ма­ке­до­ни­ја.

Об­ја­ву­ва­ње­то сли­ки на „Фејс­бук“ и на тра­ди­ци­о­нал­ни­те ме­ди­у­ми, во кои се гле­да­ат по­ли­цај­ци и еден де­мон­странт со кр­ва­ва гла­ва, при што не се откри­ва што е ви­стин­ска­та дра­ма зад сли­ка­та, мо­же да ан­га­жи­ра сто­ти­на дру­ги лу­ѓе во на­ред­ни­те про­те­сти. Од нив ќе про­из­ле­зат де­се­ти­на но­ви сли­ки што ќе мо­би­ли­зи­ра­ат дру­ги сто­ти­ци лу­ѓе и на кра­јот нив ќе тре­ба да ги сми­ру­ва не­ко­ја по­ли­тич­ка гар­ни­ту­ра или про­те­сти­те ќе пре­рас­нат во не­што дру­го. Со тоа, ве­ро­јат­но, ќе би­де ис­пол­не­та цел­та на тие што се­га сто­јат зад про­те­сти­те во гра­до­ви­те ка­де што жи­ве­ат зна­чи­те­лен број Ал­бан­ци.

Нај­го­лем дел од тие што ги под­др­жаа про­те­сти­те твр­дат де­ка про­те­сти­те не­ма­ле вер­ски ка­ра­ктер, но тие не­ма­ат об­јас­ну­ва­ње зо­што ин­ци­ден­тот трг­на од џа­ми­ја по пе­точ­на мо­ли­тва, а беа истак­на­ти ис­лам­ски зна­ми­ња, при­тоа, по­крај сло­га­ни со ет­нич­ки ал­бан­ски предз­нак за го­ле­ма др­жа­ва, се из­ви­ку­ва­ше и „Ала­ху ек­бер“, што не­ма ни­ка­ква ло­ги­ка. Поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка од ал­бан­ски­от блок се свес­ни де­ка вер­ски­те сим­бо­ли во про­те­сти­те им на­не­су­ва­ат ште­та на Ал­бан­ци­те пред за­пад­ни­те со­јуз­ни­ци. Го­ле­ми­от број Ал­бан­ци што се бо­рат и ги­нат на си­ри­ски­от и на ирач­ки­от фронт е опас­ност за од­лич­ни­те од­но­си ме­ѓу Ал­бан­ци­те и Ва­шин­гтон. Ап­се­ња­та што ги спро­ве­доа Ко­со­во и Ал­ба­ни­ја во пос­лед­ни­ве две не­де­ли за да се иден­ти­фи­ку­ва­ат лу­ѓе­то што ре­гру­ти­ра­ат и ис­пра­ќа­ат бор­ци за Ис­лам­ска­та др­жа­ва на Ирак и Ле­вант, мо­жат да ги спа­сат тие од­но­си, но не и да ги ста­би­ли­зи­ра­ат це­лос­но, осо­бе­но ако се точ­ни нај­а­ви­те за на­па­ди врз ин­ста­ла­ции на САД во Ко­со­во, ка­ко што пре­не­соа ко­сов­ски­те ме­ди­у­ми.

Исти­те тие лу­ѓе по кои се­га се тра­га во Ал­ба­ни­ја и во Ко­со­во се опас­ност за ини­ци­ра­ње нов ма­ке­дон­ско-ал­бан­ски конф­ликт, но и за нов вна­тре­шен ал­бан­ски конф­ликт, од што се пла­шат и до­маш­ни­те и стран­ски­те без­бед­нос­ни служ­би. Не­кои про­це­ни ве­лат де­ка уме­ре­ни­те Ал­бан­ци мус­ли­ма­ни ја гу­бат би­тка­та со ра­ди­кал­ни­те струи, кои се сил­ни осо­бе­но по си­ри­ски­те и ирач­ки­те искус­тва, и де­ка со па­ри­те што до­а­ѓа­ат од не­кол­ку зем­ји тие во ид­ни­на би мо­же­ле да ста­нат се­ри­оз­на по­ли­тич­ка си­ла во Ма­ке­до­ни­ја.

Ве­ро­јат­но ова сце­на­рио не е по­вр­за­но со по­ви­кот за фор­ми­ра­ње но­ва по­ли­тич­ка пар­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја, кој бе­ше про­мо­ви­ран пред око­лу еден ме­сец, но факт е де­ка со сла­ба­та кон­ди­ци­ја на ДПА, ко­ја освои мал број гла­со­ви на пос­лед­ни­те из­бо­ри во ал­бан­ски­от блок, и со кри­за­та во ко­ја вле­зе ДУИ со пос­лед­ни­те про­те­сти се соз­да­ва про­стор за нов по­ли­тич­ки суб­јект. Тоа што за­гри­жу­ва во овој кон­текст е фа­ктот што се­ко­гаш ко­га има те­ктон­ски на­ру­шу­ва­ња на ал­бан­ска­та по­ли­тич­ка сце­на, се­ко­ја на­ред­на гар­ни­ту­ра е по­ра­ди­кал­на од прет­ход­на­та. Па, та­ка ПДП ја за­ме­ни ДПА, Та­чи и Џа­фе­ри беа прем­но­гу „ме­ки“ и нив ги нас­ле­ди ДУИ, а се­га не чи­нат и тие што со оруж­је в ра­ка во 2001 го­ди­на им до­не­соа на Ал­бан­ци­те по­до­бар ста­тус и за кои си­те беа уве­ре­ни де­ка ќе би­дат веч­ни хе­рои. Од овој ас­пект мно­гу е те­шко да се прет­по­ста­ви ка­ков вид ра­ди­ка­ли­зам ќе про­мо­ви­ра след­ни­от по­ли­тич­ки суб­јект, кој ќе мо­ра да се по­ја­ви ако реј­тин­гот на ДУИ про­дол­жи вр­тог­ла­во да па­ѓа. Иа­ко тоа ќе зна­чи на­ру­шу­ва­ње на од­лич­ни­те се­ал­бан­ски од­но­си со Ва­шин­гтон, вмет­ну­ва­ње­то вер­ски еле­мен­ти во по­ли­тич­ка­та пла­тфор­ма на овој суб­јект се чи­ни де­ка во мо­мен­тов би има­ло нај­го­лем ефект за евен­ту­ал­на­та по­ли­тич­ка пар­ти­ја во ал­бан­ски­от блок.

 

Три­ум­фа­лиз­мот зад про­те­сти­те

Не­ма пре­циз­ни ар­гу­мен­ти за твр­де­ње­то де­ка Ал­бан­ци­те пре­ра­но поч­наа да ја прос­ла­ву­ва­ат де­мо­граф­ска­та по­бе­да про­тив Ма­ке­дон­ци­те, ко­ја за мно­гу­ми­на од нив е ве­ќе за­вр­ше­на ра­бо­та. Ако се су­ди спо­ред со­ци­јал­ни­те мре­жи, ка­де што сѐ по­ве­ќе ка­вги­те на ет­нич­ка ос­но­ва за­вр­шу­ва­ат со за­ка­на де­ка за 20 го­ди­ни Ма­ке­дон­ци­те ќе би­дат мал­цинс­тво и ќе не­ма­ат ка­де да одат, то­гаш јас­но е де­ка та­кви­от три­ум­фа­ли­зам, во кој Ма­ке­до­не­цот се гле­да ка­ко гу­бит­ник на сре­ден рок, е при­су­тен. Наб­љу­ду­вај­ќи ги Ма­ке­дон­ци­те ка­ко мал­цинс­тво на ал­бан­ски­те те­ри­то­рии, го­лем број од на­ши­те со­гра­ѓа­ни не мо­жат да сфа­тат де­ка та­кви­от од­нос во­ди кон не­ми­но­вен конф­ликт во кој, се раз­би­ра, не­ма да има са­мо двај­ца не­при­ја­те­ли, ту­ку во не­го, ка­ко што по­твр­ду­ва исто­ри­ја­та, ќе учес­тву­ва­ат си­те што има­ат не­ка­ков ин­те­рес на овие про­сто­ри. А, та­кви има прем­но­гу. Ако тоа се слу­чи, ќе стра­да­ат и Ма­ке­дон­ци, но ќе стра­да­ат и Ал­бан­ци, ќе стра­да­ат си­те. За­тоа, пред да се кр­шат ин­сти­ту­ции и пред да се на­пад­не по­ли­ца­ец, до­бро е да се по­мис­ли де­ка ни­кој не из­ле­зе да про­те­сти­ра иа­ко нај­го­лем дел од Ма­ке­дон­ци­те се убе­де­ни оти го­сти­вар­ски­от по­ли­ца­ец са­кал да го од­бра­ни сво­е­то се­мејс­тво ко­га пу­кал во двај­ца­та ком­шии. И, пред сѐ, да не се за­бо­ра­ви де­ка во ни­ту еден конф­ликт до­се­га, осо­бе­но на Бал­ка­нот, не­ма­ло по­бед­ник. Ќе ги­нат си­те, и тие што го поч­на­ле конф­ли­ктот, и тие што мис­лат де­ка нив­ни­те се на без­бед­но, и тие што се убе­де­ни де­ка се не­по­бед­ли­ви во во­о­ру­жен су­дир.

 

(објавено во 97. број на неделникот „Република“, 11.07.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top