По венчавката, славната двојка, првото брачно патување го минува на море, но не предалеку од Србија.
Новак и Јелена не сакале медениот месец да го поминат на далечна дестинација, па од Црна Гора отпатуваале во Грција. Тие двајцата уживаат во првите брачни денови далеку од очите на јавноста на еден грчки остров.
– Јелена е во поодмината бременост, па избегнува далечни патувања. Да посакаше да оди на некоја егзотична дестинација, Новак ќе ѝ ја исполнеше желбата, но поради нејзината бременост, ја избраа Грција – вели извор близок до младите.
Тие двајцата ја обожуваат историјата и културата на Грција. Токму за време на престојот во земјата на маслинките и виното на крајот на април ѝ открија на јавноста дека ќе станат родители и добија честитки од целиот свет. А кога ќе се вратат, ги очекуваат работните обврски.
Инаку, родителите на Јелена повторно ќе ја прослават нејзината венчавка и тоа в сабота во еден ресторан во Белград. На оваа забава нема да присуствуваат Новак и Јелена, туку само роднините и пријателите на семејството Ристиќ што не биле на свадбата.
–
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Реши да го сруши интернетот: Карлеуша ја покажа совршената линија
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?
-
Не сум сигурен дека сакам да продолжам да играм: Ѓоковиќ размислувал да го напушти тенисот!