Во скопската населба Капиштец, општина Карпош, стари дрвја паднале оштетувајќи неколку возила. За среќа, како што велат очевидци, била избегната поголема несреќа затоа што неколку моменти претходно на истото место си играле деца.
Се работи за паркот на улица „Јуриј Гагарин“, на паркинг-просторот пред зградата 33. Несреќата се случила по 19 часот, а полицијата до пред малку извршила увид на местото.
Жителите неколку пати алармирале на опасност од старите дрвја скапани во корењата, но никој, ниту од Општината ниту од „Паркови и зеленило“, не реагирал. Станарите на околните згради се лутат бидејќи едно од дрвјата паднало во април годинава, а тогаш на местото дошол и градоначалникот Стевчо Јакимовски.
Сите од населбата прашуваат зошто досега се чекало и не се реагирало. Сега, пак, додаваат, со часови чекаат надлежните да ги кренат дрвјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун