| четврток, 6 декември 2018 |

Новинар ѝ запеа „Среќен роденден“ на Ангела Меркел (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска го слави 60. роденден, беше пријатно изненадена од потегот на новинар на „Би-Би-Си“.

merkel rodend

Имено, на прес-конференцијата закажана за денеска, новинарот наместо да ѝ постави прашање на Меркел, одлучил да ѝ ја запее песната „Среќен роденден“ со што изнуди насмевка на лицето на најмоќната жена во светот.

Таа открила дека новинарот е прв кој од утрово ѝ ја испеал таа песна, но дека роденденот веќе ѝ го честитале лидерите на останатите земји-членки на ЕУ, од кои добила цвеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top