| четврток, 6 декември 2018 |

Израел даде пет часа за помош од ООН до Газа

палестинаПетчасовното хуманитарно примирје во Појасот Газа, објавено од Израел стапи во сила.

Израел одлучи да го прекине огнот од 10 до 15 часот по локално време (од 7 до 12 според Гринич), за да можат Обединетите нации да достава хуманитарна помош за регионот, а жителите да бидат снабдени со елементарни продукти.

Според локален извор неколку десетици руски граѓани со постојано живеалиште во палестинската област ќе се обидат во меѓувреме да ја напуштат зоната и да заминат за Египет.

Примирјето е едностран чекор на Израел, преземен по барање на специјалниот пратеник на ОН за Блискиот Исток, Роберт Сери.

– Доколку за време на примирјето палестинското движење Хамас стрела кон Израел со ракети, воените власт ќе одговорат со примена на сила, нагласи прес-службата на израелската армија.

Од Газа се известува дека во Израелската офанзива загинале 227 Палестинци. Од ракетите на Хамас загинал еден Израелец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top