Петчасовното хуманитарно примирје во Појасот Газа, објавено од Израел стапи во сила.
Израел одлучи да го прекине огнот од 10 до 15 часот по локално време (од 7 до 12 според Гринич), за да можат Обединетите нации да достава хуманитарна помош за регионот, а жителите да бидат снабдени со елементарни продукти.
Според локален извор неколку десетици руски граѓани со постојано живеалиште во палестинската област ќе се обидат во меѓувреме да ја напуштат зоната и да заминат за Египет.
Примирјето е едностран чекор на Израел, преземен по барање на специјалниот пратеник на ОН за Блискиот Исток, Роберт Сери.
– Доколку за време на примирјето палестинското движење Хамас стрела кон Израел со ракети, воените власт ќе одговорат со примена на сила, нагласи прес-службата на израелската армија.
Од Газа се известува дека во Израелската офанзива загинале 227 Палестинци. Од ракетите на Хамас загинал еден Израелец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


