| четврток, 6 декември 2018 |

КК Работнички ќе бара нов тренер, Рајковиќ потпиша за Сласк

Досегашниот тренер на македонскиот најтрофеен кошаркарски колектив во Македонија КК Работнички, Емил Рајковиќ потпиша едногодишен договор со најтрофејниот полски кошаркарски клуб Сласк од Вроцлав.
Со ова тој ја заврши едноиполгодишната одисеја во клубот од градски парк. Претходно Рајковиќ го водеше тимот на Фени Индустри седум години и успеа да освои три титули во домашниот шампионат, два купа на Макеоднија и еден трофеј од балканската БИБЛ лига. Ова ќе биде прво меѓународно искуство за младиот тренер од Македонија.
На испрезнетото место прв тренер на Работнички како најсериозни кандидати се спомнуваат поранешните тренери Марин Докузовски и Марјан Србиновски.
Минатата сезона Сласк Вроцлав заврши на деветтото место и се надева дека со новиот тренер ќе се врати на старите патеки и ќе игра во доигрувањето за титулата следната сезона.
Сласк има освоено 17 титула првак на Полска и 14 купови на истата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top