| четврток, 6 декември 2018 |

Кралското семејство се огласи по повод наводната бременост на Кејт Мидлтон

кејт

По објавување на бројните написи во медиумите за наводната повторна бременсот на Кејт Мидлтон, се огласи и претставникот за медиумите на кралското семејство.

– Во потесните кругови се шушка дека Кејт е повторно бремена. Чув од некои пријатели кои велат и веруваат дека официјалното соопштение ќе пристигне за неколку недели. Кејтиното лице е заоблено, како кога првпат беше бремена. Образите и се зацрвенети и кога е во јавност секогаш држи нешто преку стомакот. Кога беше бремена првиот пат беа принудени да ја објават веста рано, бидејќи Кејт заврши во болница после седум недели брменост- изјавила Џесика Хеј, пред неколку дена за „New Day“

Сепак од кралскиот двор стигна инфомација дека Кејт со години не разговарала со Џесика, така што може да се реча дека секоја информација која доаѓа од неа е несигурна.

– Кејт воопшто не е во контакт со неа- потврдил кралскиот претставник за медиуми.

Со оглед на тоа дека токму Џесика ја потврди веста за првата бременост на Кејт, останува да се види дали и овојпат е во право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top