Вечерашниот термин на годинешната програма на фестивалот „Охридско лето“ е резервиран за балетската претстава 14 часа, во изведба на уметниците од Балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет од Скопје. Современ балетски перформанс, инспириран од дуетот „Нот ту клоус“ на авторско-изведувачкото дуо Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Музиката за балетот е на Кирил Џајковски, во режија на Наташа Поплавска, додека кореографијата и сценографско идејно решение е на Игор Киров. Протагонисти во овој несекојдневен балетски настан се Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии, како и гостите Иван Бојко од Украина и Васил Чичијашвили од Грузија.
Перформансот ќе се игра на сцената на „Долни Сарај“ со почеток од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.