Без голови и со само неколку шанси на двете страни мина првиот дуел меѓу македонскиот првак Работнички и финскиот шампион Хелсинки, вечерва на „Филип втори“ аената во Скопје. Која екипа ќе патува во третата квалификациска рунда од Лигата на шампионите ќе одлучи реваншот во Хелсинки за осум дена, на 23. јули.
Најзрелата шанса за „романтичарите“ ја имаше Тауљант Сулејманов на почетокот на второто полувреме, но гостите навреме ја расчистија опасноста.
На спротивната страна многу фалените ѕвезди на Хелсинки предводени од Тему Таинио, кој играше за Оксер во шампионските денови и за англискиот премиерлигаш Тотенхем, имаа зрела шанса во финишот на мечот. Макумба Канџи од работ на петерецот упати удар кон голот на домаќините, но младиот голман Дамјан Шишковски одлично одбрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


