| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов побарал од Меркел паралелно решавање на спорот со името

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов побара од германската канцеларка Ангела Меркел паралелно решавање на спорот со името и почеток на преговори со Европската унија.

ivanov-merkel-529x540

– Побарав од Меркел позитивното искуство во регионот да се примени и кај нас. Имаме два позитивни примери на паралелното движење на преговарањето и наоѓањето заедничко решение меѓу Словенија и Хрватска, како и паралелниот процес меѓу Белград и Приштина. Зошто тоа да не се примени и за Македонија, кога има можност на таков начин да се дојде до решение – изјави Иванов по завршувањето на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“ денеска во Дубровник.

Претседателот Иванов детално ја запознал германската канцеларка со статус кво состојбата на Македонија, која е блокирана и во ЕУ и во НАТО, како и со последиците  кои се можни од статус кво состојбата.

– Укажав дека таа состојба не му одговара никому и оти мора да се вклучат и лично и тие со нивни заложби за да се дојде до некое решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top