Властите на Босна и Херцеговина очекуваат на утрешната донаторска конференција во Брисел, посветена на обновата на БиХ и на Србија по мајските поплави, да добијат 180 милиони евра помош за итна реконструкција на станбените објекти.
Шефот на босанско-херцеговачката дипломатија Златко Лагумџија денеска изјави дека претставниците на БиХ во Брисел патуваат со прецизно дефинирана проценка на сите штети и планови за обнова на станбените објектио и производствените погони.
Лагумџија наведе дека проценката на домашните и меѓународните експерти утврдила дека вкупната штета од поплавите во БиХ изнесува речиси четири милијарди конвертибилни марки (околу две милијарди евра), а средствата потребни за обнова се проценуваат на околу 1,7 милијарди ерва.
На донаторската конференција, која заеднички ја организираат владите на Словенија и на Франција во Брисел ќе присуствуваат сите 28 земји-членки на Европската унија и други 29 држави, како и шест меѓународни финансиски институции, 16 меѓународни организации, меѓу кои и Обединетите нации, како и 31 невладини организации и 12 приватни фирми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Босна ја тресе скандал: Функционер претепа жена на паркинг (видео)
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат


