| четврток, 6 декември 2018 |

Сараево очекува 180 милиони евра донации

поплаваВластите на Босна и Херцеговина очекуваат на утрешната донаторска конференција во Брисел, посветена на обновата на БиХ и на Србија по мајските поплави, да добијат 180 милиони евра помош за итна реконструкција на станбените објекти.

Шефот на босанско-херцеговачката дипломатија Златко Лагумџија денеска изјави дека претставниците на БиХ во Брисел патуваат со прецизно дефинирана проценка на сите штети и планови за обнова на станбените објектио и производствените погони.

Лагумџија наведе дека проценката на домашните и меѓународните експерти утврдила дека вкупната штета од поплавите во БиХ изнесува речиси четири милијарди конвертибилни марки (околу две милијарди евра), а средствата потребни за обнова се проценуваат на околу 1,7 милијарди ерва.

На донаторската конференција, која заеднички ја организираат владите на Словенија и на Франција во Брисел ќе присуствуваат сите 28 земји-членки на Европската унија и други 29 држави, како и шест меѓународни финансиски институции, 16 меѓународни организации, меѓу кои и Обединетите нации, како и 31 невладини организации и 12 приватни фирми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top