Докторите обично препорачуваат 12 часа пред правење анализа на крвта да се гладува или барем да се избегнува тешка храна. Меѓутоа, најновото истражување покажало дека за тоа сепак нема потреба.
Истражувачите користеле голема база на податоци за да ја проучуваат анализата на крвта кај повеќе од 16.000 мажи и жени.
Околу 10.000 наоди биле направени по подолго од осум часа гладување, а останатите за пократок временски период. Потоа двете групи биле набљудувани во текот на 14 години, со цел да се провери дали наодот на оние кои гладувале бил поточен во предвидувањата за разик од срцеви болести и смрт од оние кои не гладувале.
Зголеменото ниво на ЛДЛ, вкупниот холестерол и триглицериди, бил очекувано поврзан со поголем ризик од срцеви болести и смрт. Меѓутоа кога се споредени наодите на двете групи, а биле земени предвид и факторите како што се полот, дијабетисот, високиот крвен притисок и слично, откриено е дека тестовите подеднакво добро го предвидувале ризикот од болести.
– Нема јасни податоци кои ја поддржуваат теоријата за потреба од гладување пред вршење анализа на крвта. Време е да се престане со инсистирање за тоа. Тестовите на оние кои не гладувале ја даваат истата референтна вредност како и тестовите на оние кои гладувале, изјави американскиот доктор Срипал Багалор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пациенти се жалеле дека долго чекаат, па болничар се решил да им покаже како изгледа вистински итен случај
-
Спречен терористички напад: Терористите пламнирале многу крв да се излее пред очите на Путин
-
ИСИС им се закани на Србите: Не сме ве заборавиле, ќе платите со крв!
-
Вака богатите вампири го продолжуваат животот – за многу пари купуваат крв од деца за да ја продолжат младоста!


