| четврток, 6 декември 2018 |

Телеком Австрија и официјално во рацете на Слим

 карлос

Мексиканскиот оператор за мобилна телефонија Америка Мовајл, и официјално стана мнозински сопственик на Телеком Австрија, откако ги откупи 51 отсто од акциите.

Сопственикот на Мовајл, мексиканскиот мултимилијардер Карлос Слим, во рамките на понудата за преземање, откупи 23,5 отсто од акциите на малите акционери.

До скоро, Слим имаше сопственост од 27,2 отсто во австрискиот Телеком, а во текот на претходните 8 недели од малите акционери, за цена од 7,15 евра, го откупи дополнителниот дел во оваа компанија.

Државата Австрија има удел од 25 отсто во оваа компанија, преку сопственото претпријатие OeIAG, со што го задржа правото на вето.

Со преземањето на Телеком Австрија, Слим стана сопственик на ВИП операторот, кој е во сопственост на Телеком Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top