Мексиканскиот милијардер Карлос Слим изјави дека изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД може да биде добра вест за Мексико.
Слим на панелот со поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, ги отфрли песимистичките приказни за тоа дека тврдокорните ставови на Трамп за имиграцијата и слободната трговија можат да го разнишаат Мексико.
Слим, еден од најбогатите луѓе на светот, рече дека ако Трамп ги оствари своите ветувања за ширење на американската економија, тоа ќе биде „фантастично“ за Мексико бидејќи тоа ќе ја зголеми потрошувачката во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.