| четврток, 6 декември 2018 |

Кристофер Ивон: Ќе биде жално да се загрози еврoпскиот пат на Македонија

Кристофер Ивон, британскиот амбасадор во земјава предупредува дека однесувањето на опозицијата може да го загрози патот на Македонија кон Европската унија (ЕУ).

СДСМ на последиот состанок на централниот одбор донесе конечна одлука да не учестува на локалните избори кои треба да се одржат на 24 март.

– Од извонредна важност е политичките несогласувања итно да се решат, зашто ако не се случи тоа, ќе биде жално да се загрози европскиот пат на Македонија, за кој земјата има постојан поттик од Велика Британија. Затоа апелираме ова побрзо да се реши. Велика Британија гледа на Македонија како на идна земја-членка на Унијата. Членството ќе донесе значителни бенефиции и поволности за сите граѓани на државата. Поради тоа, ние го поттикнуваме решението на оваа криза што е можно поскоро – изјави Ивон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top