Фудбалериот на Тотенхем Емануел Адебајор е хоспитализиран бидејќи боледувал од маларија, објави англискиот клуб на својот веб сајт.
Откако се пожалел на малаксаност Адебајор во саботата веднаш бил префрлен во една од лондонските болници, каде е констатирано маларија во раната фаза.
По третманот изминатите два дена Адебајор добро реагира на досегашниот тек од лекувањето, па репрезентативецот на Того, веќе утре се очекува да биде пуштен дома.
Сепак по препорака на медицинскиот персонал на Тотенхем, Адебајор ќе мора да мирува најмалку во наредните седум дена.
Разбирливо, Адебајор ќе ги пропушти подготовките на Тотенхем кој во моментов се подготвува на турнеа во Северна Америка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.