| четврток, 6 декември 2018 |

Еротскиот роман на Е.Л.Џејмс „Педесет нијанси сиво“ стана предмет на факултет

v222-passionatefollowing-ire

Американскиот факултет во Вашингтон  им го нуди на студентите предметот „Педесет нијанси сиво“ во рамките на студирањето на современата култура.

Професорката Стефани Вудс најави дека низ длабока анализа на трилогијата ќе ги обработи темите на сексуалност, објективност, социјалните медиуми и насилство.

Студентите ќе ја анализираат приказната која ја следи сао-мазо врската на мистериозниот бизнисмен и наивната студентка и ќе одговара на прашањата како „Дали главните ликови се во здрава или во насилна врска?“, „Каква е улогата на социјалните мрежи за успехот на книгата?“ и други.

Професорката Вудс вели дека за овој предмет поради големото интересирање веќе е направена листа на чекање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top