| четврток, 6 декември 2018 |

Опозициски театар на апсурдот

И тоа се слу­чи. Ве­ру­ва­ле или не, но Гр­ци­те ста­наа штед­ли­ви. Ве­ни­зе­лос глас­но се по­фа­ли пред си­те. Исто­вре­ме­но, ток­му тие на чи­и­што де­ла исти­от тој грч­ки ми­ни­стер по­сто­ја­но се по­ви­ку­ва, се от­пу­шти­ја и са­ка­ат да тро­шат де­се­ти­на ми­ли­о­ни евра на но­ви из­бо­ри. Ед­на ра­бо­та, пак, си­гур­но не­ма да ги чи­ни ни­што - да из­ле­зат и да по­ба­ра­ат од Ати­на да пре­ста­не да ја зло­у­по­тре­бу­ва ма­ке­дон­ска­та вна­тре­по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја би­деј­ќи проб­ле­мот на Гр­ци­те е во име­то. Ва­ка, твр­де­ње­то на Ве­ни­зе­лос де­ка има­ме проб­лем со де­мо­кра­ти­ја­та ка­ко не­ко­му да му од­го­ва­ра. Ми­ни­мум на две пар­тии, ед­на­та е дес­ни­чар­ска и на власт, дру­га­та „ле­ви­чар­ска“ во опо­зи­ци­ја, пр­ва­та во Гр­ци­ја, вто­ра­та во Ма­ке­до­ни­ја...

Те­а­та­рот на ап­сур­дот ве­ќе вто­ра го­ди­на вла­дее во ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја. По­те­зи­те на СДСМ сѐ по­ве­ќе ли­чат на кла­сич­на ан­ти­дра­ма, не­ба­ре Сем­ју­ел Бе­кет (1906-1989) ги пи­шу­вал нив­ни­те сце­на­ри­ја. Ин­ди­ка­тив­но или не, ап­сурд­но­ста што поч­ну­ва со ег­зи­стен­ци­ја­лиз­мот во ан­ти­дра­ма­та е уште по­наг­ла­се­на, а се по­стиг­ну­ва (спо­ред те­о­ри­ја­та на Те­а­та­рот на ап­сур­дот) со по­сто­ја­но по­вто­ру­ва­ње на бес­мис­ли­ци­те ка­ко средс­тво на ко­му­ни­ка­ци­ја и со отфр­ла­ње на кла­сич­ни­те драм­ски бе­ле­зи. Те­о­ри­ја­та на ап­сур­дот спо­ред мно­гу ра­бо­ти ли­чи на дејс­тву­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, ко­ја це­лос­но, од ко­рен, ги из­ме­сти уста­но­ве­ни­те пра­ви­ла на игра на по­ли­тич­ка­та сце­на и про­мо­ви­ра но­ви, бес­мис­ле­ни по­те­зи по кои си­те оста­ну­ва­ат во ди­ле­ма­та – што е по­ен­та­та на овој по­тег од Би­ха­ќка?

По­вр­за­но­ста на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја со те­а­та­рот на ап­сур­дот спо­ред мно­гу ра­бо­ти ја по­твр­ду­ва де­ло­то „Че­кај­ќи го Го­до“ на Сем­ју­ел Бе­кет. На по­че­то­кот на кра­тки­от опис на ова ан­то­ло­ги­ско де­ло би тре­ба­ло да стои хо­ли­вуд­ско­то пре­ду­пре­ду­ва­ње што оди пред фил­мо­ви­те, кое ве­ли „си­те ли­ко­ви се из­мис­ле­ни, се­ко­ја слич­ност со случ­ки од ре­ал­но­ста е слу­чај­на“. Мо­же­би во кон­крет­ни­ов слу­чај, по­до­бро би од­го­ва­ра­ло – „си­те ли­ко­ви се из­мис­ле­ни, освен тие што не се…“

Analiza96-2„Че­кај­ќи го Го­до“ е ан­ти­дра­ма, ко­ја прет­ста­ву­ва праз­ни­на, че­ка­ње на праз­но дејс­тво. Во неа по­стои ни­за на дејс­тва и ди­ја­ло­зи што не прет­ста­ву­ва­ат ап­со­лут­но ни­што – ед­но­став­но гу­бе­ње на вре­ме­то до­де­ка се че­ка не­што што ни­ко­гаш и не­ма да дој­де. Ли­ко­ви­те во овој прет­став­ник на те­а­та­рот на ап­сур­дот се су­пер­бес­мис­ле­ни. Те­ма­та на дра­ма­та се со­др­жи во нас­ло­вот, глав­ни­те ли­ко­ви (Естра­гон и Вла­ди­мир – а во на­ши­от слу­чај Ма­ке­до­ни­ја и ЕУ) го че­ка­ат Го­до (кај нас За­ев, или Бран­ко), кој тре­ба да до­не­се по­до­бар жи­вот или, во на­ши­от слу­чај – „де­мо­кра­ти­ја“. Иде­ја­та во де­ло­то на Бе­кет е во бес­мис­ле­но­ста на жи­во­тот, ко­ја, се­пак, е по­ткре­пе­на со на­деж­та де­ка, мо­же­би, ќе би­де по­до­бро, но са­мо ако дој­де, кој друг ако не – Го­до. Во оваа дра­ма, ка­ко и кај ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, сѐ е ре­ла­тив­но – вре­ме­то на на­ста­нот (из­бо­ри­те), ме­сто­то (име­то на др­жа­ва­та), па и ли­ко­ви­те (Ма­ке­до­ни­ја, САД, ЕУ, Гр­ци­ја). Вре­ме­то е де­не­ска, утре, а мо­же­би и вче­ра, па та­ка и кај нас на­ед­наш ќе се вра­тат во бо­жем­ни афе­ри од 2004 го­ди­на, за дру­ги­от ден да ре­а­ги­ра­ат за це­на­та на еле­ктрич­на­та енер­ги­ја, из­ве­шта­јот на ЕК што сле­ду­ва и слич­но. Ли­ко­ви­те кај Бе­кет и са­ми­те не зна­ат да­ли че­ка­ле вче­ра или уште по­ра­но, а и утре уште ќе че­ка­ат, се­ка­ко, ако стиг­нат на­вре­ме… Уште еден пла­сти­чен опис на опо­зи­ци­ска­та си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, ни­кој не знае ни­што, ни­ту зо­што – но знае де­ка тре­ба да не се приз­на­ат ман­да­ти­те и де­ка мо­ра­ло да се фор­ми­ра тех­нич­ка вла­да и да се оди на но­ви из­бо­ри, на кои по­втор­но ќе се до­жи­вее уште еден, по­го­лем по­раз?! Ос­нов­на­та раз­ли­ка ме­ѓу „Че­кај­ќи го Го­до“ и ма­ке­дон­ска­та ре­ал­ност е што де­ло­то на Бе­кет е тра­ги­ко­ме­ди­ја во два чи­на, во кои дејс­тво­то ре­чи­си се по­вто­ру­ва – кај нас, пак, си­ту­а­ци­ја­та и дејс­тво­то тра­ат ре­чи­си 23 го­ди­ни и не ре­чи­си, ту­ку иден­тич­но се по­вто­ру­ва со исти­те ли­ко­ви, кои ни­ка­ко да си за­ми­нат од сце­на­та. Опо­зи­ци­ска­та вљу­бе­ност во дра­ма­та ја по­ка­жа и нив­но­то оче­ку­ва­ње за над­во­реш­на ин­тер­вен­ци­ја и про­ја­ва­та на поз­на­та Бож­ја ра­ка или Де­ус екс ма­ки­на, ка­ра­кте­ри­стич­на за грч­ка­та дра­ма, ко­ја тре­ба­ше да ги вра­ти на сце­на­та. А, од дру­га стра­на и акту­ел­ни­от пре­тсе­да­тел обо­жу­ва да се ма­ски­ра, во са­му­рај ли, во ли­дер ли…

 

Analiza96-3

Проблемот на идентичноста на вокабуларот на Венизелос и на Бихаќка…

Ве­лат де­ка фал­ба­та е ’рѓа. Но тоа не го спре­чи грч­ки­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та да се по­фа­ли де­ка за­ште­ди­ле мно­гу ка­ко пре­тсе­да­ва­чи на ЕУ. По­тро­ши­ле са­мо 19 ми­ли­о­ни евра, иа­ко пред­ви­де­ле 50, а прет­ход­ни­ци­те им тро­ше­ле и по­ве­ќе. Скеп­ти­ци­те ќе ре­чат, па што на­пра­ви­ја за да ги по­тро­шат и тие 19 ми­ли­о­ни евра, а за­јад­лив­ци­те ќе иско­мен­ти­ра­ат де­ка кри­за­та во Укра­и­на, ко­ја си­те ка­ко да за­бо­ра­ва­ат де­ка се слу­чи за вре­ме на пре­тсе­да­ва­ње­то на Ати­на со ЕУ, им за­ште­ди мно­гу на на­ши­те со­се­ди за­тоа што та­му па­ри тро­шеа Аме­ри­кан­ци­те… Ка­ко и да е, нај­го­ле­ми­те тро­ша­џии во Евро­па ста­на штед­ли­ви, а исто­вре­ме­но опо­зи­ци­ја­та на се­вер­ни­от со­сед, на ко­ја си­ро­ма­шти­ја­та ѝ е еден од глав­ни­те ар­гу­мен­ти за вра­ќа­ње, не­ма проб­лем да по­тро­ши уште де­се­ти­на ми­ли­о­ни евра на но­ви из­бо­ри, са­мо за да се вра­ти на власт. На­стра­на што ан­ке­ти­те, ка­ко таа на етаб­ли­ра­на­та аме­ри­кан­ска ИРИ, по­ка­жу­ва­ат де­ка не­ма шан­си за та­кво не­што, ту­ку де­ка, на­про­тив, ги оче­ку­ва уште по­го­лем де­бакл. Сво­ја­та шан­са за вла­де­е­ње, ма­кар и на не­кол­ку ме­се­ци, ја гле­да­ат во фа­моз­на­та тех­нич­ка вла­да, ко­ја, ка­ко во 2001 го­ди­на, тре­ба да им обез­бе­ди три­ум­фал­но вра­ќа­ње на Илин­ден­ска. Но на Би­ха­ќка за­бо­ра­ва­ат де­ка во 2014 го­ди­на, за раз­ли­ка од 2001 го­ди­на, не­ма­ше конф­ликт, но и де­ка за ар­гу­мен­ти­те за не­приз­на­ва­ње на из­бо­ри­те не нај­доа слух ни­ту САД, ни­ту ЕУ, ни­кој… Ка­ко и да е, опо­зи­ци­ја­та не от­ста­пу­ва од сво­ја­та не­воз­мож­на ми­си­ја, за­бо­ра­вај­ќи де­ка нив­ни­от ли­дер не е Том Круз, освен, мо­же­би, спо­ред ви­си­на­та. Аме­ри­кан­ски­от актер е ви­сок 170 сан­ти­ме­три.

Analiza96-4

Та­ка­на­ре­че­на­та „ви­со­ка“ по­ли­ти­ка на ед­на др­жа­ва, пак, е си­но­ним за нај­ви­со­ки­те на­ци­о­нал­ни др­жав­ни ин­те­ре­си. Кол­ку и да не­ги­ра­ат на скоп­ска­та улич­ка и да ја пре­фр­ла­ат ви­на­та на про­тив­нич­ки­от та­бор, нив­ни­те по­те­зи, ед­но­став­но, пре­крас­но им лег­наа на на­ши­те јуж­ни со­се­ди. По­ле­ка, но си­гур­но, со се­кој че­кор на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, офи­ци­јал­на Ати­на кон­се­квент­но го ме­ну­ва­ше сво­јот во­ка­бу­лар. Сѐ по­че­сто кај грч­ки­те чел­ни­ци при­чи­на­та за не­ма­ње­то пре­го­во­ри со ЕУ за Ма­ке­до­ни­ја не е име­то, ту­ку, ед­но­став­но, „не­ма­ње­то де­мо­кра­ти­ја, по­чи­ту­ва­ње на чо­ве­ко­ви пра­ва и прав­на др­жа­ва, не­по­чи­ту­ва­ње на Мар­тов­ски­от до­го­вор ме­ѓу ос­нов­ни­те по­ли­тич­ки пар­тии…“ Ин­те­рес­но е де­ка, ко­га не би наз­на­чи­ле и наг­ла­си­ле кој го ка­жал ова, мно­гу­ми­на, без ни­ка­ков проб­лем и дво­у­ме­ње, би по­мис­ли­ле де­ка се ра­бо­ти за из­ја­ва на кој би­ло чел­ник од СДСМ. На­про­тив, проб­ле­мот на исти­от во­ка­бу­лар не зна­чи де­ка За­ев и Ве­ни­зе­лос раз­мис­лу­ва­ат исто, но по­дат­ли­во­ста на овие ар­гу­мен­ти, ед­но­став­но, е прем­но­гу до­бра за на­ши­те јуж­ни­те со­се­ди да ги од­би­јат овие лес­ни по­го­до­ци или, ка­жа­но со спорт­ски реч­ник – пе­на­ли, кои им ги ме­сти ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја.

 

Грција како пример за ставање на националните интереси пред партиските?!

Уште ед­на ре­че­ни­ца од из­ја­ва­та на грч­ки­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та ги за­ско­ко­тка ма­ке­дон­ски­те уши. Во сво­јот пос­ле­ден го­вор, на­бро­ју­вај­ќи ги спо­ме­на­ти­те на­вод­ни не­до­ста­то­ци на на­ша­та др­жа­ва, тој во про­дол­же­ние на иста­та ре­че­ни­ца ре­че „се­ко­гаш ни се отво­ре­ни вра­ти­те за по­се­ти­те­ли од та­му“. Ко­мен­та­рот што сле­ду­ва­ше кај мно­гу­ми­на бе­ше – да­ли тој, мо­же­би, мис­ли на еден кон­кре­тен, чест по­се­ти­тел од Ма­ке­до­ни­ја, кој де­се­ти­на па­ти ја ми­на грч­ко-ма­ке­дон­ска­та гра­ни­ца ми­на­та­та го­ди­на, по­не­ко­гаш и конс­пи­ра­тив­но, т.е. пеш?!

Што и да мис­ле­ше Ве­ни­зе­лос, оста­ну­ва фа­ктот де­ка Гр­ци­ја „на го­ле­мо“ се офај­ди од вна­тре­по­ли­тич­ка­та си­ту­а­ци­ја во на­ша­та др­жа­ва, ка­де што пар­ти­и­те и на­та­му ќе си ја пре­фр­ла­ат ви­на­та око­лу мож­но­ста да не­ма­ме по­зи­ти­вен из­ве­штај од ЕК, но ед­но е си­гур­но – грч­ки­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та и пре­ми­е­рот Са­ма­рас не­ма ни­ка­де да го ко­ри­стат во­ка­бу­ла­рот на ма­ке­дон­ска­та вла­де­јач­ка пар­ти­ја, освен, ако не са­ка­ат да из­вр­шат по­ли­тич­ко са­мо­у­бис­тво и да му се прик­лу­чат на ПАСОК, ток­му пар­ти­ја­та кон чи­ја­што суд­би­на се стре­ми СДСМ. Но, се­пак, и та­му ги де­ли ед­на дра­стич­на раз­ли­ка – ПАСОК, по­ра­ди ви­сок на­ци­о­на­лен ин­те­рес, се­га е во ко­а­ли­ци­ја со Неа де­мо­кра­ти­ја… Ве­ни­зе­лос до­а­ѓа ток­му од ПАСОК, но грч­ки­от план и „цр­ве­ни ли­нии“ се исти за си­те по­ли­ти­ча­ри кај на­ши­от ју­жен со­сед. Не­сфат­ли­во за ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка кон­сте­ла­ци­ја, не­ли. Пар­ти­ски­от ин­те­рес да би­де пред на­ци­о­нал­ни­от е не­што за што, очиг­лед­но, и за жал, ќе тре­ба вре­ме, мно­гу за­гу­бе­ни из­бо­ри и се­ри­оз­на про­ме­на на мен­та­ли­те­тот. По­ве­ро­јат­но, по­тре­ба од ре­стар­ти­ра­ње на опо­зи­ци­ја­та…

Тоа што е нај­чест ко­мен­тар на поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те е де­ка на­чи­нот на кој СДСМ и ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја би им ја зат­на­ле уста­та на тие што се ос­ме­лу­ва­ат да го ко­мен­ти­ра­ат ова, а ги има мно­гу та­кви не­по­доб­ни и не­про­мис­ле­ни „па­три­о­ти, ка­ко што ги ква­ли­фи­ку­ва­ат на Би­ха­ќка, е мно­гу прост и ед­но­ста­вен. Кој и да е од оваа пар­ти­ја би тре­ба­ло са­мо да из­ле­зе и на­ци­о­нал­но, не и па­три­от­ски – тоа е по­грд­ни­от збор за про­тив­ни­ци­те, да по­ба­ра Гр­ци­ја да не ја ко­ри­сти вна­тре­пар­ти­ска­та си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја би­деј­ќи нив­ни­от проб­лем е во име­то. Ова, ка­жа­но јас­но и глас­но, би ја от­трг­на­ло це­ла­та дам­ка од пар­ти­ја­та, чиј­што се­га­шен ли­дер при наз­на­чу­ва­ње­то за пре­тсе­да­тел на СДСМ до­жи­веа наг­ло за­тврд­ну­ва­ње на ста­вот кон име­то, при­дру­же­но со би­о­ло­шки и етич­ки не­при­род­но бр­зо ис­пра­ва­ње на „кич­ма­та“, за се­то тоа, бу­квал­но, да ис­чез­не во пос­лед­но­то по­лу­го­дие. Ако ана­ли­зи­ра­те, име­то и Гр­ци­ја, бу­квал­но, не се спо­ме­на­ти во не­го­ви­те ин­терв­јуа, а нив­ни­от кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел сво­јот став за име­то го кри­е­ше ка­ко „зми­ја но­зе“ и ни­ко­гаш не ѝ го обе­ло­де­ни на јав­но­ста. Поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те ва­кви­те игри во СДСМ ги по­вр­зу­ва­ат ди­рект­но со на­деж­та на пар­ти­ја­та за по­мош од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, т.е. САД и ЕУ, кои тре­ба­ше да би­дат глав­ни­те но­си­те­ли на нив­но­то вра­ќа­ње на власт по не­приз­на­ва­ње­то на из­бо­ри­те. Поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те и на­та­му че­ка­ат на из­ја­ва­та на СДСМ про­тив Гр­ци­ја, а ка­ко ар­гу­мент за не­ми­нов­на­та по­тре­ба го ка­жу­ва­ат фа­ктот што ду­ри 82 про­цен­ти од Ма­ке­дон­ци­те (на пос­лед­ни­те ан­ке­ти на јав­но­то мис­ле­ње) се из­јас­ни­ја про­тив ка­ква и да е про­ме­на на устав­но­то име ка­ко за­ме­на за влез во ЕУ и во НАТО.

 

Risto-Nikovski-analizaНиковски: Ова е опомена за опозицијата да води сметка за своите чекори

За по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор Ри­сто Ни­ков­ски, нор­мал­но е и не­из­беж­но што Гр­ци­ја се оби­ду­ва да ги ка­пи­та­ли­зи­ра на­ши­те вна­треш­ни проб­ле­ми. Тоа е чи­ста дип­ло­мат­ска тех­ни­ка, ве­ли Ни­ков­ски.

Никовски: Се­пак, проб­ле­мот е што иста­та „зло­у­по­тре­ба“ ќе ја пра­ви и Бри­сел и ма­кси­мал­но ќе ги ко­ри­сти на­ши­те до­маш­ни сла­би точ­ки. Тоа осо­бе­но ќе до­а­ѓа до израз и по­ра­ди пре­су­да­та од Хаг, ко­ја мно­гу не­при­јат­но им ви­си над гла­ва. Ќе се оби­ду­ва­ат бло­ка­да­таa што ни ја по­ста­ву­ва­ат не­ле­гал­но за влез во НАТО и во ЕУ да ја тр­га­ат на­стра­на ма­втај­ќи со фа­ктот де­ка на­ша­та де­мо­кра­ти­ја ста­ну­ва не­функ­ци­о­нал­на. За жал, во тоа има и ви­сти­на. Бој­ко­тот на Со­бра­ни­е­то од СДСМ и на пре­тсе­да­те­лот од ДУИ, го по­твр­ду­ва­ат тоа. Ова е ди­рект­на опо­ме­на за спо­ме­на­ти­те пар­тии да во­дат сме­тка за сво­и­те че­ко­ри би­деј­ќи со ре­а­ли­за­ци­ја на не­со­од­вет­на по­ли­ти­ка на до­ма­шен план ја ури­ва­ат ме­ѓу­на­род­на­та по­зи­ци­ја на зем­ја­та.

 

Ivica-Bocevski-analizaБоцевски: СДСМ заговара нова преговарачка рамка за спорот за името

За по­ра­неш­ни­от ви­це­пре­ми­ер за ево­ин­те­гра­ции, проф д-р Иви­ца Бо­цев­ски, сиг­на­ли­те што до­а­ѓа­ат од Гр­ци­ја и од Ве­ни­зе­лос не се ни­што но­во за Ма­ке­до­ни­ја. Офи­ци­јал­на­та по­ли­ти­ка на Гр­ци­ја кон Ма­ке­до­ни­ја оста­ну­ва вра­ме­на во грч­ки­от шо­ви­ни­зам кон на­ша­та зем­ја, а це­ли­те на нив­на­та над­во­реш­на по­ли­ти­ка и на­та­му се отво­ре­но шо­ви­ни­стич­ки, ве­ли тој, од­нос­но упо­тре­ба на си­те средс­тва што им сто­јат на рас­по­ла­га­ње за по­ни­шту­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет и на ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност. Проб­ле­мот го гле­да во дејс­тву­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, ко­ја за­го­ва­ра но­ва пре­го­ва­рач­ка рам­ка за име­то.

Боцевски: Во Ма­ке­до­ни­ја во мо­мен­тов СДСМ се оби­ду­ва да из­мис­ли не­ка­ква кри­за. Со­о­че­ни со фа­ктот де­ка овој нив­ни ја­лов обид не­ма ни­ка­ква под­др­шка од гра­ѓа­ни­те, а и де­ка ни­кој од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца не се по­тре­су­ва око­лу нив­но­то без­у­мие, ра­ко­водс­тво­то на СДСМ се­којд­нев­но ја еска­ли­ра ре­то­ри­ка­та. Нај­но­ви­от изум во ла­бо­ра­то­ри­ја­та на СДСМ ве­ли де­ка се по­треб­ни „но­ва тех­нич­ка вла­да, но­ви из­бо­ри и но­ва пре­го­ва­рач­ка рам­ка за спо­рот за име­то“. Ај­де не­ка­ко и раз­би­рам де­ка тре­ба и на­та­му да го во­зат фил­мот со тех­нич­ка вла­да и но­ви из­бо­ри, ве­ро­јат­но сѐ до­де­ка не се со­о­чат со ап­сурд­но­ста на сво­и­те пред­ло­зи. Ме­ѓу­тоа, ни­ка­ко по­и­на­ку не мо­жам да го раз­бе­рам ба­ра­ње­то за „но­ва пре­го­ва­рач­ка рам­ка за име­то“, освен ка­ко отво­ре­на и бе­срам­на игра за грч­ки­те ин­те­ре­си во Ма­ке­до­ни­ја. Во мо­мен­тот ко­га фо­ку­сот на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца во Гр­ци­ја е на­со­чен са­мо кон одр­жу­ва­ње во жи­вот на грч­ка­та еко­но­ми­ја и на вла­да­та на Са­ма­рас, ап­со­лут­но ни­кој не­ма да се за­ни­ма­ва со не­кои дру­ги пра­ша­ња, вклу­чи­тел­но и „ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње“. Не са­мо тоа, ту­ку „но­ва пре­го­ва­рач­ка рам­ка“ оз­на­чу­ва и из­ме­сту­ва­ње на про­це­сот од Обе­ди­не­ти­те на­ции, ка­ко и не­кои не­по­треб­ни истр­чу­ва­ња, кои мо­же са­мо до­пол­ни­тел­но да ја вло­шат ма­ке­дон­ска­та по­зи­ци­ја. Да не збо­ру­ва­ме, пак, кол­ку по­губ­на би би­ло не­ка­ква тех­нич­ка вла­да од „влаж­ни­те сни­шта“ на ин­те­ле­кту­ал­ци­те на СДСМ, ко­ја не би има­ла ни­ка­ков по­ли­тич­ки ман­дат, да крои „но­ва пре­го­ва­рач­ка рам­ка“ или да отво­ра не­кој нов Деј­тон или Охрид. Имај­ќи пред­вид кои ли­ко­ви ги да­ва­ат овие пред­ло­зи не тре­ба да се има ни­ка­ков сом­неж де­ка ста­ну­ва збор за ди­рект­но и бе­срам­но одра­бо­ту­ва­ње за ту­ѓи ка­у­зи.

Спо­ред не­го, зад ова, мо­же­би, по­втор­но се крие ста­ра­та иде­ја за ре­ше­ние на проб­ле­мот за име­то „спо­ред мо­де­лот на Рам­ков­ни­от до­го­вор“ за­тоа што кај не­кои кру­го­ви во Ма­ке­до­ни­ја и во ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, до­кол­ку клуч­ни­те по­ли­тич­ки фа­кто­ри во Ма­ке­до­ни­ја „кон­сен­зу­ал­но“ ја пот­пи­шат ма­ке­дон­ска ка­пи­ту­ла­ци­ја пред Гр­ци­ја, то­гаш ни­кој и не би ја пре­зел од­го­вор­но­ста за та­ква­та по­губ­на од­лу­ка, па по­ли­ти­ка­та ќе си про­дол­жи ка­ко ни­што да не се слу­чи­ло. Та­ква­та ана­ли­за, ве­ли Бо­цев­ски, за­бо­ра­ва де­ка Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе че­тврт век гра­ди де­мо­кра­ти­ја. Та­ков по­ли­тич­ки зем­јо­трес би ги рас­тре­во­жил гра­ѓа­ни­те, кои, се­ка­ко, не­ма не­мо да гле­да­ат на та­кви­от чин.

Боцевски: Не тре­ба да се би­де до­бро ин­фор­ми­ран за да се зак­лу­чи де­ка не­ма нов пред­лог на ма­са­та. И са­ми­от Ни­миц ка­жа де­ка пре­го­во­ри­те се за­пад­на­ти во ќор-со­как. Има не­кои ја­ло­ви оби­ди на дел од дип­ло­ма­ти­те „жед­ни да нѐ пре­не­сат пре­ку во­да“ со твр­де­ње­то де­ка не се пре­го­ва­ра за иден­ти­те­тот, но тоа не­ма да им по­ми­не. Са­ми­те Гр­ци­те се кри­стал­но јас­ни де­ка иден­ти­те­тот на Ма­ке­дон­ци­те е са­ма­та су­шти­на и ср­це­ви­на на проб­ле­мот, па за­тоа јас не гле­дам при­чи­на во­оп­што да се отво­ра про­це­сот сѐ до­де­ка не­ма­ме јас­на га­ран­ци­ја де­ка не­ма да се чеп­ка и за­се­га во ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Точ­но, за иден­ти­те­тот не се пре­го­ва­ра за­тоа што кра­ен без­о­браз­лук е во­оп­што да се спо­ри не­чиј иден­ти­тет во Евро­па во 21 век, но на Гр­ци­те, очиг­лед­но, тоа им про­а­ѓа, а не гле­дам де­ка не­кој по­себ­но се по­тре­се во Евро­па по­ра­ди овој отво­рен обид за ет­но­цид врз Ма­ке­дон­ци­те.

Бо­цев­ски оче­ку­ва СДСМ да из­ле­зе од сво­ја­та луш­па и да го осу­ди Ве­ни­зе­лос. Ве­ли де­ка во­оп­што не се сом­не­ва во па­три­о­тиз­мот на чле­но­ви­те, сим­па­ти­зе­ри­те и на гла­са­чи­те на СДСМ и де­ка тие цвр­сто ве­ру­ва­ат де­ка не смее да има ре­ше­ние на спо­рот за име­то на ште­та на Ма­ке­до­ни­ја. Се­пак, се сом­не­ва во ра­ко­водс­тво­то на пар­ти­ја­та.

Боцевски: На­де­вај­ќи се де­ка ќе ку­пат уште по не­кој до­пол­ни­те­лен по­ен пред ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, тие доз­во­ли­ја да ис­пра­ќа­ат чуд­ни сиг­на­ли и да да­ва­ат кон­тра­про­ду­ктив­ни из­ја­ви. Се соз­да­ва впе­ча­ток де­ка би при­ста­пи­ле кон ка­кво би­ло ре­ше­ние на спо­рот, без раз­ли­ка на це­на­та за ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет и ма­ке­дон­ска­та др­жав­ност („ре­ше­ние за шест ме­се­ци“, „ви­тка­ње на кич­ма­та“ и слич­но). Во­ед­но, тие ду­ри се оби­ду­ваа да им го ис­пе­рат мо­зо­кот на сво­и­те под­др­жу­ва­чи твр­деј­ќи де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе влег­ла во НАТО и ќе ги поч­не­ла пре­го­во­ри­те за пол­но­прав­но членс­тво во ЕУ, но са­мо ако про­дол­же­ле со сво­јот ман­дат. Ме­ѓу­тоа, се­га тие има­ат од­лич­на шан­са да се огра­дат од ва­кви­те ба­ра­ња за „но­ва пре­го­ва­рач­ка рам­ка за име­то“, да го осу­дат Ве­ни­зе­лос и не­го­ви­те из­ја­ви, но и јас­но да ста­ват до зна­е­ње де­ка, без раз­ли­ка на на­ши­те до­маш­ни цир­ку­си, тие сме­та­ат де­ка Ма­ке­до­ни­ја ги ис­пол­ну­ва кри­те­ри­у­ми­те за влез во НАТО и за по­че­ток на пре­го­во­ри­те со ЕУ. Упор­но про­дол­жу­ва­ње на оваа стра­те­ги­ја на спо­ре­ње на ма­ке­дон­ска­та де­мо­кра­ти­ја и на ин­сти­ту­ци­и­те на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва е, исто та­ка, отво­ре­но игра­ње на грч­ка кар­та. Јас не ве­ру­вам де­ка тоа е цел на ра­ко­водс­тво­то на СДСМ, но пос­лед­ни­те не­кол­ку по­те­зи на таа пар­ти­ја ука­жу­ва­ат де­ка нив­но­то ра­ко­водс­тво не­ма ни­ка­ква стра­те­ги­ја за по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње и де­ка не се свес­ни за од­го­вор­но­ста за се­та сво­ја не­ра­зум­на по­ли­ти­ка.

Спо­ред Бо­цев­ски, нај­до­бро оси­гу­ру­ва­ње де­ка не­ма да би­дат при­фа­те­ни ни­ка­кви на­луд­ни­ча­ви идеи и де­ка Ве­ни­зе­лос мо­же сло­бод­но да про­дол­жи да си ги вр­ти сво­и­те пло­чи, се гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја.

Боцевски: Тие по­ка­жаа де­ка мош­не до­бро ме­рат, а уште по­до­бро и по­пре­циз­но се­чат. По­ли­ти­ча­ри­те и ин­те­ле­кту­ал­ци­те, кои го спо­рат ма­ке­дон­ски­от кон­сен­зус за име­то, се отфр­ле­ни од са­ма­та за­ед­ни­ца ка­ко мар­ги­нал­ци и лу­ѓе со зло­коб­ни идеи. Ред­но вре­ме е и СДСМ да се отка­же од нив­ни­те ус­лу­ги, но и да го по­твр­ди кон­сен­зу­сот за спо­рот за име­то. Во спро­тив­но, и тие ри­зи­ку­ва­ат да им пра­ват друш­тво на овие ли­ко­ви на са­ми­те мар­ги­ни на по­ли­тич­ко­то и на оп­штес­тве­но­то жи­ве­е­ње во Ма­ке­до­ни­ја.

Спо­ред Ни­ков­ски, пак, во из­ја­ва­та на Ве­ни­зе­лос има­ше уште еден мно­гу ва­жен еле­мент за спо­рот – тој ре­че де­ка спо­рот не е би­ла­те­ра­лен ту­ку мул­ти­ла­те­ра­лен, а, спо­ред не­го, по­во­дот за оваа не­го­ва из­ја­ва е по­ли­ва­лен­тен. Пр­во, поз­на­то е де­ка ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, пред сѐ САД, ин­си­сти­ра на би­ла­те­ра­лен до­го­вор ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја. Вто­ро, ни­кој во Гр­ци­ја не е под­го­твен за та­ков до­го­вор.

Никовски: Што и да пот­пи­шат, ќе (им) би­де кон­тра­про­ду­ктив­но. Ду­ри и со нив­на­та ер­га ом­нес. Еден до­бар дел од грч­ко­то оп­штес­тво, пред­во­де­но од Злат­на зо­ра, тоа ќе го до­че­ка на нож. Тре­то, по­тре­ба­та од би­ла­те­ра­лен до­го­вор соз­да­ва при­ти­сок врз Гр­ци­ја, кој иа­ко не е го­лем, се­пак, по­стои. Че­твр­то, по Бу­ку­решт во 2008 го­ди­на, пра­ктич­но, Бри­сел ја пре­зе­де об­вр­ска­та да ја бло­ки­ра Ма­ке­до­ни­ја пре­ку уце­на­та и ул­ти­ма­ту­мот – пр­во име­то, по­тоа членс­тво… Има и дру­ги при­чи­ни зо­што на Ати­на не ѝ од­го­ва­ра би­ла­те­рал­ни­от ка­ра­ктер на спо­рот. По­крај дру­го­то, та­му се сме­та де­ка се по­сил­ни на мул­ти­ла­те­ра­лен план би­деј­ќи има­ат ши­ро­ка под­др­шка. За жал, тоа е точ­но.

Ме­ѓу­тоа, за Ма­ке­до­ни­ја, ве­ли Ни­ков­ски, е ап­со­лут­но по­до­бро да се за­др­жи мул­ти­ла­те­рал­ни­от ка­ра­ктер на спо­рот, иа­ко ге­не­рал­на­та под­др­шка што ја има­ме и во ООН, да не збо­ру­ва­ме во НАТО и во ЕУ, е мно­гу пос­ла­ба од грч­ка­та.

Никовски: За нас е клу­чен фа­ктот што во ди­рект­но­то ба­ра­ње на ре­ше­ние во Ати­на на­ша­та по­зи­ци­ја е ап­со­лут­но најс­ла­ба; не ста­ва во по­ни­жу­вач­ка по­зи­ци­ја да тре­ба, на кра­јот, да се до­го­во­ри­ме ка­кво име „сме­е­ме“ да ко­ри­сти­ме; ни­ка­кви се изг­ле­ди­те ди­рект­но од Ати­на да изв­ле­че­ме ни­ту ми­ни­мум од на­ши­те нај­стра­те­ги­ски ин­те­ре­си; не сме­е­ме да пот­пи­ше­ме ни­ка­ков „фи­на­лен“ до­го­вор во кој не­ма да би­дат вклу­че­ни си­те отво­ре­ни пра­ша­ња ме­ѓу две­те зем­ји, а тоа зна­чи и ре­гу­ли­ра­ње на ста­ту­сот на на­ше­то мал­цинс­тво во Гр­ци­ја, имо­ти­те на исе­ле­ни­те и на про­те­ра­ни­те Ма­ке­дон­ци од та­му и сл. Во слу­чај да се пот­пи­ше „фи­на­лен“ до­го­вор без овие и дру­ги слич­ни пра­ша­ње ќе зна­чи на­ше пре­мол­че­но при­фа­ќа­ње де­ка тие не по­сто­јат! Де­ка не­ма дру­ги отво­ре­ни пра­ша­ња ме­ѓу две­те зем­ји… По­ра­ди се­то тоа, на Ма­ке­до­ни­ја це­лос­но ѝ од­го­ва­ра ре­ше­ни­е­то и по­на­та­му да се ба­ра ре­ше­ние во рам­ки­те на ООН. Тоа не зна­чи де­ка тре­ба да оста­не­ме на се­гаш­ни­те про­це­ду­ри во­де­ни од Ни­миц ту­ку тре­ба што по­ско­ро да се трг­не со но­ва ини­ци­ја­ти­ва, чи­ја­што ос­но­ва би бил фа­ктот де­ка по­сре­ду­ва­ње­то се по­ка­жа бе­ско­рис­но, де­ка се по­тро­ши и де­ка проб­ле­мот тре­ба да се вра­ти во СБ на ООН. За тоа, се раз­би­ра, по­треб­но е изра­бо­ту­ва­ње но­ва де­тал­на стра­те­ги­ја.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 96. број на неделникот „Република“, 4.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top