Најмалку осум лица се повредени во експлозија што се случи во близина на трамвајска станица во турскиот град Истанбул.
Еден од повредените се наоѓа во критична состојба.
Телевизијата Си-Ен-Ен Турк јави дека експлозијата се случила во занаетчиска работилница која се наоѓала во петкатна зграда во квартот Зејтинибурну.
На телевизиските снимки е прикажан чад кој излегува од зградата каде се случила експлозијата, а на местото веднаш пристигнале противпожарни екипи и итна помош. Пожарот бил брзо изгаснат.
Градоначалникот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу ја отфрли веројатноста дека станува збор за терористички напад, туку причина за инцидентот е истекување на гас.
Вчера во експлозија поради истекување гас во југозападниот град Денизли, загина едно лице а 36 беа повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.