| четврток, 6 декември 2018 |

Осум жртви во експлозија во Истанбул

53c14490ae78491838b106d653c1322eae78491ab8ce51b8 Најмалку осум лица се повредени во експлозија што се случи во близина на трамвајска станица во турскиот град Истанбул.

Еден од повредените се наоѓа во критична состојба.

Телевизијата Си-Ен-Ен Турк јави дека експлозијата се случила во занаетчиска работилница која се наоѓала во петкатна зграда во квартот Зејтинибурну.

На телевизиските снимки е прикажан чад кој излегува од зградата каде се случила експлозијата, а на местото веднаш пристигнале противпожарни екипи и итна помош. Пожарот бил брзо изгаснат.

Градоначалникот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу ја отфрли веројатноста дека станува збор за терористички напад, туку причина за инцидентот е истекување на гас.

Вчера во експлозија поради истекување гас во југозападниот град Денизли, загина едно лице а 36 беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top