| четврток, 6 декември 2018 |

„ААА“ рејтинг за Германија

germanyМеѓународната рејтинг агенција „Стандард енд Пурс“ го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на Германија на највисоко ниво – „ААА“, со „стабилна“ прогноза.

Потврдата на овој рејтинг го одразува мислењето на аналитичарите дека Германија располага со современа, добро диверсифицирана и конкурентно способна економија и се придржува кон разумна буџетска политика и дисциплина во трошоците. Освен тоа германската економија покажува сопсобност да се справи со големите економски и финансиски кризи.

Според оценката на „Стандард енд Пурс“ по бавното темпо на зголемувањето на бруто домашниот производ од 0,4 отсто минатата година, оваа година германската економија бележи раст од 1,89 проценти, а следната се очекува два отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top