Најмалку седум цивили во Доњецката и Луганската област и седум украински војници загинале, а десетина се повредени во изминатите 24 часа, јавија денеска руски и украински медиуми.
Најмалку четири цивили загинале во артилериска стрелба која е отворена врз предградие во Доњецк, Марјинка, во која се наоѓаат единици на сепаратистите.При тоа оштетени се и неколку претпријатија и систем за пречистување вода, поради што во тоа место нема вода за пиење.
Претставници на самопрогласената Доњецка народна република наведоа дека украинската војска пукала и врз станбеи квартови и е погоден дом за деца без родители.
Ситуацијата во Луганск и натаму е напната и според соопштението на градските власти, загинале три лица, а повредени се 11, кога се погодени обласен воен комесаријат и онколошки диспанзер.
Според украински медиуми, во текот на ноќта проруски сили на истокот на Украина извршиле повеќе минофрлачки напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.