| четврток, 6 декември 2018 |

Извозот од економските зони е двојно поголем од лани

Ekonomska zona Bunardzik (30) (Custom)

Рапиден раст на извозот од слободните економски зони.  Во првото полугодие достигна  550 милиони евра., бројка која е двојно повисока од истиот период минатата година. Најзаслужни се Џонсон Мети,  Џонсон Контролс , Ван Хул и Кемет Електроникс.

Само Мети во мај го достигна својот максимум ,  кога извезе стоки вредни  90 милиони евра. Но со полн капацитет ќе работат   најдоцна до 2016 кога очекуваат извозот да им достигне 900 милиони евра. Можно е и тогаш да донесат одлука и за уште една производно проширување

Првиот човек на слободните економски зони е задоволен.  Бројките од месец во месец се зголемуваат. Очекува до крајот на годината извозот само од зоните да надмине милијарда евра

Влезот на нови компании, но и проширувањето на капацитетите на постојните влева оптимизам дека во наредниот период бројкиите ќе бидат уште подобри. Покрај раст на извозот, се очекуваат и повеќе нови инвестиции, кои ќе отворат  работни места

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top