Рапиден раст на извозот од слободните економски зони. Во првото полугодие достигна 550 милиони евра., бројка која е двојно повисока од истиот период минатата година. Најзаслужни се Џонсон Мети, Џонсон Контролс , Ван Хул и Кемет Електроникс.
Само Мети во мај го достигна својот максимум , кога извезе стоки вредни 90 милиони евра. Но со полн капацитет ќе работат најдоцна до 2016 кога очекуваат извозот да им достигне 900 милиони евра. Можно е и тогаш да донесат одлука и за уште една производно проширување
Првиот човек на слободните економски зони е задоволен. Бројките од месец во месец се зголемуваат. Очекува до крајот на годината извозот само од зоните да надмине милијарда евра
Влезот на нови компании, но и проширувањето на капацитетите на постојните влева оптимизам дека во наредниот период бројкиите ќе бидат уште подобри. Покрај раст на извозот, се очекуваат и повеќе нови инвестиции, кои ќе отворат работни места
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.