
И покрај докажаните ризици од прекумерно изложување на сонце и на солариум, милиони луѓе низ светот не можат да му одолеат на чувството што кај нив го предизвикува сончањето. Тоа дури може да прерасне и во зависност, по своето дејсто и по силата слична на зависноста од дрога, тврдат научниците од „Харвард“.
Имено, стручњаците објаснуваат дека сончањето го поттикнува телото на производство на ткн. хормон на среќа – ендорфин, хемиски спој што предизвикува пријатност и ја смалува болката, пишува „Дејли мејл“.
Тестирањето на животни покажа дека зависноста од сончање може да се развие во рок од само шест месеци, како и дека може да чувствуваат непријатни последици од одвикнувањето. Во текот на периодот на сончање количината ендорфин во крвта драстично се зголемува, а при недостиг на UV-светлина животните почнале да треперат и да шкрипат со забите.
“Изгледа дека сме генетски програмирани да станеме зависници од сонцето, што во денешно време опасното UV-зрачење е проблематично и представува ризик по здравјето“, рече водачот на студијата, професорот Дејвид Фишер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


