Министерката Јанкулоска се огласи на „Фејсбук“ по синоќешната трагедија во која загинаа четворица припадници на граничната полиција.
– Синоќа се соочивме со едни од најцрните и најтешки моменти во историјата на Министерството за внатрешни работи.
Загубивме четворица наши искусни колеги, кои со своето знаење, дух и професионализам, оставија длабок печат врз нас и врз работењето на Министерството.
Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните.
Најдлабоко сочуство на семејствата на:
1. Драги Мицев роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хелихоптерската единица со работен стаж од 34 години.
2. Марјан Трајковиќ роден 1967 година во Куманово, пилот – капетан со работен стаж од 37 години.
3. Тоде Орешков роден 1970 година во Рожден – Кавадарци, воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал – пилот со работен стаж од 36 години и
4. Иљо Лопатички роден 1968 година во Битола, командир – пилот со работен стаж од 36 години.
Драги, Марјан, Тоде и Иљо беа врвот на хелихоптерската единица и најдобриот персонал кој МВР го имаше. Беа искусни и со безброј часови лет во различни услови и во различни акции. Нека почиваат во мир!, напиша Јанкулоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?