| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го освоиш умот на еден маж?

lice

Првото нешто што остава впечаток на мажите, е изгледот, но точно по 10 минути по првата средба, надворешноста останува во втор план. Затоа на модерната жена и се потреби неколку мали итрини, со кои целосно ќе завладее со свеста на мажот. Видете ги нашите златни правила со кои ќе бидете уште попримамлива.

Биди секси. Емитувај сексапил со целото тело – тоа навистина ги излудува мажите. Гледај го во очи и терај го да ти ги погодува мислите. Мистеријата е секогаш силен афродизијак. Женствено прекрстување на нозете исто така, остава силен впечаток врз господата.

Комплименти. Не постои маж на планетете кој не сака да слуша комплименти на своја адреса. Воопшто не е несоодветно да му кажеш на еден маж дека изгледа неверојатно добро.

Остави го да биде маж. И ти биди жена во односите. Мажите сакаат да знаат дека направиле жаната до нив да се чувствува добро, затоа дозволете му да прави мали гестови за вас, кои ќе го потхранат неговото его.

Не бидете лесна, но одржувајте го неговиот интерес. Никој нема да те прифати сериозно, ако му се понудиш веднаш. Но пак и никој нема да протестира ако си малку слободоумна. Постојат многу начини да му покажеш дека си заинтересирана, а секс смс-ите се еден од нив.

Направи нешто незаборавно. Нешто што ниедна друга жена не направила за него. Тоа значи дека треба добро да се погрижиш, за да оставиш траен белег во неговиот ум, но затоа така ќе бидеш сигурна дека ти си едниствената жена на која тој ќе мисли

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top