Тагата по четворицата загинати пилоти ја совлада министерката Јанкуловска.
Загинаа началникот на хеликоптерската единица Драги Мицев од Струмица, капетанот Марјан Трајковиќ од Куманово, воздухопловниот инспектор Тоде Орешков од Кавадарци и командирот Иљо Лопатички од Битола, сите на возраст од околу 45 години и со големо пилотско искуство.
– Тие беа врвот на хеликоптерската единица, летаа во различни акции и услови – рече министерката Јанкулоска.
Хеликоптерот од типот „М-17“ удри во антена на Македонската радио-телевизија, висока 120 метри кај Струмица. Кружел по редовната ноќна маршрута, Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево. Тоа парче од небото над земјава го летале безброј пати.
Претходно пилотите не се пожалиле на никакви проблеми со хеликоптерот кој имал опрема за ноќно летање. Пронајдени се двете црни кутии во кои се чуваат видео и аудио моментите пред и за време на ударот. Кутиите како и уредот за покажување на правецот на летот ќе ги вештачи производителот на М-17.
Министерката Јанкулоска уште ноќеска формираше комисија од експерти кои ги утврдуваат причините за несреќата. Јавен обвинител ја води истрагата на терен каде и денеска ќе се собираат доказите. Засега полицијата нема информации дали антената била обележана во навигационата мапа.
Урнатиот хеликоптер е еден од поновите во МВР, произведен во 2008 година, а бил користен во спасувачки мисии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)


