Граѓаните ќе добијат можност од дома преку интернет да порачаат имотен лист, кој веднаш во електронска форма или по пошта ќе им биде доставен на нивна адреса, вели во интервју за МИА директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
Проектот за електронскиот шалтер на Катастарот моментно ги вклучува најголемите корисници на услуги од катастарот на недвижности, нотари, приватни геодетски компании и општини коишто имаат 24 часовен електронски пристап до услугите на катастарот.
– Во нареден период со новиот дистрибутивен систем кој е во развој ќе се овозможи 24 часовен пристап на поширок круг професионални корисници (министерства, судови, извршители..) како и граѓани, кои на многу едноставен начин ќе доаѓаат до услугите и податоците од катастарот на недвижности. Така ќе биде овозоможено граѓанинот од дома преку интернет да порача имотен лист и истиот во електронска форма веднаш или по пошта да му биде доставен до неговата адреса на живеење, вели Трпески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


