Американскиот студент Даниел Чонг доби повеќе од 4 милиони долари отштета откако полицијата го заборави, оставајќи го затворен пет дена без храна и вода, по што речиси умрел, пишува „ЛА тајмс“.
Даниел Чонг бил кај пријателот, со кого запалиле џоинт, кога во куќата дошла полициска рација. Тој бил однесен во полицискиот центар за дрога, каде што го ставиле во ќелија без прозорци. Полицаецот рекол дека ќе се врати за една минута. Така почнал хоророт кој за Чонг траел со денови.
Бидејќи го заборавија, тој останал во својата ќелија пет дена без храна, вода и тоалет. Викал, но никој не го слушнал. По два дена, некој го исклучил и светлото, така што Чонг остатокот од времето го поминал во целосна темнина. Кога тие, конечно, го пронашле, тој бил целосно дехидрирани, надвор од себе, а неговите бели дробови и бубрезите му биле тешко оштетени.
По тужбата, тој доби оштета од 4.100.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.