Голема несреќа се случи вечерва во Струмица десетина минути по 22 часот. Се сруши полициски хеликоптер МИ-17 во близина на кванташкиот пазар во Струмица, односно кај Индустриската зона „Север“. Хеликоптерот на граничната полиција летал од Ново Село кон Струмица.
Според првичните информации во несреќата се загинати четворица патници во полициското летало кои биле припадници на граничната полиција. Други повредени граѓани од несреќниот пад на хеликоптерот нема.
Според присутните на местото на несреќата хеликоптерот неосветлен вртел неколку минути во воздух, во обид да слета удрил во 140-метарска СБ антена на Македонското радио. По ова леталото експлодирало. Четирите тела се јагленосани. Остатоците од леталото се расфрлани во дијаметар од над 50 метри. Опашката била цела, но, кабината била целосно уништена.
Противпожарни екипи го гаснат огнот, а од МВР се уште нема детали за несреќата.
Портпаролот Иво Котевски само потврди дека се работи за полициски хеликоптер и има жртви. Но МВР најпрво ќе ги извести семејствата, а откако ќе заврши увидот ќе излезат со официјални информации.
Видео и фото: Струмица нет
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)