Судот во италијанскиот град Бари во вторникот го ослободи бизнисменот Станко Суботиќ од обвиненијата за мафијашко здружување заради шверц со цигари, изјави неговата адвокатка, Соња Чејовиќ.
Таа наведе дека судот во Бари го уважил предлогот на италијанското Обвинителство за ослободителна пресуда.
Со ова судот го ослободи Суботиќ од сите обвиненија кои му се товареа, рече Чејовиќ.
Станко Суботиќ, познат и по прекарот „Цане“, беше обвинет за мафијашко здружување поради шверц на цигари од Црна Гора во Италија односно за перење пари во периодот од 1994 до 2011 година.
Името на Суботиќ во Македонија често го врзуваа со Данчо Шутурков, покојниот заменик директор на „Македонија Табак“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



