Албанските власти деновиве го екстрадирале косовскиот државјанин Бурим Балажи, уапсен на 27 јуни по барање на косовската полиција.
Според полициски извори, Балажи е дел од групата од Качаник која регрутирала и испраќала млади Албанци да војуваат за терoристичките организации Ал нусра и ИСИС, што се потврдува и од прислушуваните разговори од страна на полицијата, но и самите претходно биле на тамошните боишта.
Заедно со него полицијата во Тирана го уапси и Алтин Демирлика(28) од албанскиот град Бурел. Ден претходно косовската полиција ги уапси Илир Бериша(25) и Јетмир Кучуку(22) од Качаник и Седат Топојани(30) од Генерал Јанковиќ, по што Основниот суд во Приштина им изрече притвор.
Сите најмалку по трипати биле во Сирија и се враќале во Косово, а биле поврзани со групи во Македонија и во Албанија.
Во Косово се вратиле три недели пред да бидат уаспени.
Сите се членови на т.н. невладина организација „Ринија исламе-Качаник“ (Исламска младина – Качаник),која не е регистрирана. Косовските медиуми Качаник го посочуваат како бастион на муџахедините.Од таму е и водачот на Албанците во Сирија, Лавдерим Мухаџери(25). Акцијата на косовската полиција почна по најавите дека над десет косовски џихадисти минале потребна обука за самоубиствени напади во Косово и во Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



