Фудбалерот на Барселона Алексис Санчез постигна договор со управата на лондонскиот тим Арсенал и за неколку дена треба да потпише договор.
Како што пренесува радио „Каталонија“ Санчез ја прифатил финансиската понуда на „топџиите“ за неделна плата од 200 илјади евра и ќе стане најплатен фудбалер во екипата.
Чилеанецот со Арсенал ќе потпише договор на 5 години.
Санчез дојде во Барселона пред три години од италијанскиот тим Удинезе, а за каталонската екипа одигра 141 натпревари и постигна 47 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


