Гостиварската полиција вчера го уапсила 54-годишниот Р.С. од гостиварското село Речане, осуден за убиство, кој 14 години бил во бегство. Со полициска придружба тој им е предаден на затворските властиво Идризово.
Полицијата извести дека него го барале од 2003 година, кога е осуден со уште еден соселанец за убиството на А.О. од гостиварското село Равен. Убиството се случило во август 2001 година во селото Речане. По расправија, еден од осудените пукал со автоматска пушка и ја застрелал жртвата.
Во меѓувреме, едниот ја отслужил затворската казна, а Р.С. успевал да го избегне приведувањето. Тој е осуден на десет години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


