Неодамна најавивме дека модната куќа Елена Лука е во потрага по нови лица кои во иднина ќе бидат ангажирани како модели за нови рекламни кампањи и фотосесии. За таа цел беше создаден проектот „Биди и ти Елена Лука лице“ од кој сите девојки што исполнуваат одредени критериуми можеа да влезат во потесна селекција од големиот избор. Тоа дека многу девојки имаат амбиција да станат фото модели, а истовремено им се допаѓа брендот, покажа вчерашниот мега кастинг. Во продажниот салон на докажаниот македонски моден бренд пристигнаа многу кандидатки кои како што велат решиле да си ја пробаат среќата и да ја задоволат својата голема желба да бидат заштитно лице на реномиран и докажан бренд.
Секоја од пријавените, пред тимот од модната куќа објасни зошто сака да стане модел, ги покажа манекенските способности во чекорење и позирање , трудејќи се за претставување во најдобро светло кое ќе ја импресионира групата модни експерти.
Во изјава за Fashionel одговорните од Елена Лука велат дека се изненадени од огромниот број пријавени, а истовремено се задоволни што имаат доста работа додека се направи финалниот избор, од кој пак ќе бидат избрани неколку девојки кои најблиску ги исполнуваат поставените критериуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.