| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: 60% од младоженците во минатото спиеле со најмалку двајца од гостите на свадбата

Семејството и роднините претставуваат околу половина од гостите на свадбата. Во листата, сепак се вклучени не малку пријатели, па дури и поранешни партнери. Речиси 60% од младоженците во минатото спиеле со најмалку двајца од гостите на свадбата, покажува истражувањето на британскиот портал paper-chaker.com.

Една третина од младоженците не го споделиле тоа со партнерот. 12% од нив, пак, замолиле поранешниот да не спомнува за нивните односи во минатото. На свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаше 6 поранешни партнери, пишува британскиот весник “Дејли Меил”.

Сексот во првата брачна ноќ, пак, се дефинира како мит. Всушност тоа е последното нешто за што помислуваат младоженците. Една четвртина немале секс во првата ноќ како семејство најчесто поради силниот замор или премногу алкохол.

Една петтина од младоженците признаваат дека некој од гостите на нивната свадба им се допаднал доста, се вели уште во истражувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top