Телешко со зеленчук и со печурки зготвени во вок-тава е еден од здравите оброци што лесно се подготвуваат. Ова е вкусно јадење во кое ќе уживате, а не ви треба многу време за да го подготвите. За тие што сакаат да го намалат внесувањето јаглехидрати, со ова јадење не мора да готват прилог, како ориз или компир.
Состојки:
500 грама телешко
30 мл маслиново масло
Лук
80 гр морков
80 гр црвена пиперка
80 гр млад кромид
80 гр тиквички
80 гр брокола
80 гр свежи шампиоњони
40 мл оцет балсамико
Подготовка: Телешкото месо исечете го по должина. Во тавата вок сипете маслиново масло и причекајте неколку минути додека тавата не се загрее. Ставете го месото во тавата и мешајте кратко, додека не добие боја. Додајте ги морковот, печурките и лукот и заедно мешајте во тавата една минута.
По должина исечете ги пиперките, тиквичките, младиот кромид и потоа и тоа додајте го во тавата. На крај, сето тоа прелејте го со оцет балсамико.
Продолжете да готвите уште 10-15 минути. По избор, ова јадење послужете го со интегрален ориз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.