Во деведесеттите години на минатиот век ако некој споменеше босански лонец, прва асоцијација беше војната во Босна и Херцеговина и напнатата атмосфера, која со години владееше таму.
Одеднаш, како сите да го заборавија вкусното јадење со месо и со сезонски зеленчук и специфичниот начин на подготвување. Порано, секое одење во Сараево, и ручек на Баш-чаршија завршуваше со вкусното јадење, приготвено од стари мајстори, готвачи, од кое во чиниите на крајот не остануваше ништо. Босанскиот лонец секогаш беше највкусен во Сараево, иако секој и дома го подготвуваше, посебно напролет, кога има убаво, свежо, младо телешко и говедско месо.
Состојки:
100 грама сува сланина
200 грама младо говедско месо
200 грама телешко месо
Сол, црн пипер
0,5 дл бело вино
Масло
Летен зеленчук: кромид, лук, свежа зелка, кељ, моркови, боранија, карфиол, зелени пиперки, модри патлиџани, домати – по 100 грама од секој вид зеленчук
Магдонос
Подготовка:
Сланината се сече на коцки и се запржува во тава со масло за готвење. На запржената сланина се пржи месото. Зеленчукот се чисти, по потреба се лупи и се сече на помали парчиња. Во голем сад (за повеќе оброци) или во помали садови (за поединечни оброци) се редат месото и зеленчукот. На крај се посолува и се поспипува со црн-пипер и со магдонос. Се налева со вино и со вода и се прелева со масло. Продуктите треба да бидат покриени со течноста. Потоа лонецот со покрива со хартија за печење, со алуминиумска фолија или со јагнешка кошулка, а озгора се става крпа натопена со вода. Вака приготвен, лонецот се става во средно загреана рерна и се вари околу два часа. Додека се вари, крпата често се мокри со вода за да остане хартијата цела. Јадењето ќе биде готово кога месото и зеленчукот убаво ќе се сварат.
Босанскиот лонец е една од најубавите јании. Се служи со леб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст