На граничните премини Дојран, Богородица и Меџитлија поради штрајк на грчката царина сообраќајот на грчката страна на границата за тешки моторни возила е во прекин.
Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека патничките возила и автобусите се пропуштаат нормално на Дојран и Богородица, само на Меџитлија тие се пропуштаат повремено во одредени временски интервали. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ напоменува дека информацијата се однесува само за македонската страна на премините.
Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!