Над 1.800 автомобили украдени во Турција ги користат припадниците на џихадистичката група Исламска држава во Ирак и Левантот во Сирија и во Ирак, објави турскиот весник „Милиет“ повикувајќи се на извештај на турското разузнавање.
Најголем број од украдените возила се камионети. Припадниците на ИДИЛ добиваат крадени автомобили и од Иран, од Ирак, од Либан, од Јордан, од Кувајт и од Саудиска Арабија.
Весникот наведува дека ИДИЛ работи заедно со неколку криминални групи за кражби на возила во Турција. Најголем број кражби се извршени во големите турски градови и во пограничните региони со Сирија.
Возилата најчесто ИДИЛ ги користи за транспорт на оружје, а дел од нив и за бомбашки напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила
-
Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови