| четврток, 6 декември 2018 |

Жените во 50-те најзaдоволни од сексуалниот живот

Иако дури 60 проценти од нивните партнери имаат проблем со ерекција, 75 отсто од жените во 50-те се задоволни во спалната соба

CИако водењето љубов е поретко отколу претходно, возрасните жени се позадоволни од својот сексуален живот, открива една британска студија, во која учестувале 1000 парови.

Дури три четвртини од жените на возраст од 50 до 79 години сметаат дека имаат добар сексуален живот, додека истото го мислат половина од испитаните мажи.

Возраста на која се луѓето најзадоволни од сексот е од 50 до 59.

Сексуалното задоволство кај жените не е намалено и покрај податокот дека околу 60 посто од нивните партнери им треба повеќе поттик за да дојадт во вистинско „расположение за секс“, имаат послаба ерекција или проблем за одржување на истата.

Мажите на таа возраст често патат од синдромот недостаток на тестостерон, што може да упати и на други здравствени проблеми, предупредуваат истражувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top