Кога е сексот во прашање, луѓето сакаат да истражуваат нови и возбудливи еротски трикови и пози кои ќе допринесат кон поголемо задоволство во спалната соба, но и надвор од неа. Но, доколку се прашуваат докторите, тие ќе ви советуваат секогаш да водите љубов во кревет, на стариот добар „мисионерски“ начин.
Истражувачите утврдија дека една од најчестите пози во сексот, таканаречена каубојка, воедно е и најопасна. Положбата во која жената ја зазема горната позиција се покажала како заслужна за најголемиот процент на вкупниот број на фактури на пенисот.
Во таа поза дамата со нејзината тежина го контролира пенисот, но до проблеми може да дојде кога таа ќе почне да доживува оргазам, бидејќи тогаш почнува да ја губи контролата, прави непредвидливи движења со телото, а тоа може да резултира со сериозни повреди.
Од друга страна мисионерската поза, во која мажот е одозгора, е дефинитивно најсигурната поза во сексот.
Докторите од три болници во Бразил потврдиле вкупно 42 случаи на фрактура на пенисот во последните тринаесет години. Дваесет и осум се случиле во хетеросексуален однос, четири во хомосексуален, шест за време на мастурбација и уште четири под неразјаснети околности.
Сепак, авторите на истражувањето наведуваат дека доколку не се експериментира премногу, повредите на пенисот се исклучително ретки.
-Најопасните пози во сексот се оние во кои жената ја има водечката улога. Кога мажот ги контролира движењата шансите за некоја повреда се сведуваат на минимум – истакнуваат истражувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.