| четврток, 6 декември 2018 |

Дојран безбеден за капење

Dojran-Macedonia.jpg500Водата во Дојранското езеро е безбедна по здравјето на капачите и со подобрен квалитет во однос на претходните години,покажаа последните анализи направени во Центарот за јавно здравство.

Мострите земени од пет мерни места покажаа дека водата е од прва и втора категорија, а само на некои места од трета категорија и дека нејзинот квалитет според важечките стандарди е многу подобрен.

– Според физичко-хемискиот состав водата во Дојранското езеро има зголемена матност што се должи на самата подлога во езерото, но тоа нема негативно влијание врз здравјето на капачите, рече д-р Менковска од Центарот за јавно здравје.

Мострите за анализа на водата се земени деновиве, пред почетокот на летната сезона, но од здравствениот инспекторат уверуваат дека водата ќе се контролира во текот на целата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top