Јосиф, Јоаким и Дамјан добро напредуваат. За нив се грижат сите, среќните мајка Наташа и татко Јордан Ѓаковски, двете баби и двајцата дедовци. Среќата во семејството е огромна бидејќи малите бебиња се долго чекани, речиси девет години. Сега во домот има распоред на помагатели кои се дополнителна помош на мајката Наташа. Таа е задоволна од секојдневната помош на патронажната медицинска сестра, која ги бања, преоблекува и заедно ги хранат бебињата. Околу успивањето и хранењето помагаат и двете баби на Јосиф, Јоаким и Дамјан. Во семејниот натпревар на помошници учествуваат и дедовците.
Градоначалникот Славчо Чадиев ги посети тројцата нови жители на Велес. Тие од општината ги добија првите машки играчки, автомобили, а нивните родители парична помош од 30 илјади денари.
– Им посакувам долг живот исполнет со многу радост и среќни моменти. Сакам на родителите да им честитам, да им посакам среќни денови исполнети со овие три прекрасни деца, кои треба да им бидат уште поголем поттик во натамошниот живот. Задоволство ми е што децата се во добра состојба. Овие денови кога во Велес се случуваат низа убави работи, ова беше уште една случка која беше врв на сите пријатни доживувања. На многу места низ чаршијата со радост се зборува за овој настан – рече Чадиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.