| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен ирански пилот кој штител шиитско светилиште во Ирак

IRAN-MILITARY-ARMY DAY

Ирански пилот загинал штитејќи ги шиитските свети места во Ирак, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на агенцијата ИРНА.

Пилотот, погребан во петокот во иранскиот град Шираз, бил убиен во ирачкиот град Самара во борбите со „такфиритските терористи“, израз што се користи за сунитските борци.

Ова е прво официјално соопштение за смрт на еден ирански државјанин, поврзано со зголеменото насилство во Ирак, што почна во јуни.

Во последните денови во Самара се водат борби во близина на важно шиитско светилиште.

Ирачката Влада, предводена од шиитите, се бори со сунитските бунтовници, кои шиитите ги сметаат за еретици.

Шиитски Иран најавува дека нема да се двоуми да ги заштити шиитските свети места во Ирак, доколку тоа биде неопходно, но исто така соопштува дека Ирак е способен да го задуши бунтот.

Во судирите се вклучија и шиитските милиции, кои се борат на страната на ирачката Влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top