Полицијата од косовскиот град Призрен синоќа од улиците отстрани 48 питачи, од кои дури 42 од Албанија.
Акцијата била реализирана од 21 до 23 часот.
-Во акцијата беа фатени 48 питачи, од кои 42 се албански државјани, а остантите шестмина беа Косовци, поточно од општина Ѓаковица, изјави полицискиот началник Нуридин Беголи.
Според него, албанските државјани биле депортирани во Албанија, а на шестмината ковоски им биле поднесени прекршочни пријави.
Поради појавата на големо присутво на питачи низ косовските градови, Беголи најави продолжување на акцијата за нивно отстранување од улиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.